Свашта може да се деси по патиштава

Такви неосветлени каубојци има премногу на автопатите низ Србија.
Нас ептен беља ќе ни направеше една кофа со Рено Клио, на излезот од Белград према Шид. Беше негде околу 3 саат навечер, кога женава, на која од необјасниви причини и' беше отворен гепекот, претицаше камион, со цели 65 на саат, и кога отидов позади нејзе (нити се залепив, ни ништо, светнав еднаш), тргна да оди у десно према камионот, како уопште да не знаеше дека е таму. Успорив ептен, се повлеков настрана, а оваа изреагира тек откако го удри камионот! Знам дека остана без ретровизор, и веројатно беше одрана десната страна на Клиото. И ете, од непознати причини, можеше да испадне ептен курцшлус кој ќе не' зафатеше нас, нив и камионот...
Маега му, ако не е човек у стање да вози, подобро да не влага у кола, или ако му се спие, нека се тргне на паркинг некој, нека одмори малку. Вака се прават големи бељи.