Али и вие можете да се чукнете малце по главата, не ?
Тој дебил што вчера го напиша постот у темата и што свиреше на автошкола која се влече со 30км/ч на двосмерна улица со по една коловозна лента у шпицот кога сите се враќаат од работа, и не можеш да претекнеш цели 3 минути (од кружниот кај порта влае до кај Систина) затоа што инструкторот така му рекол на дечкото да вози, најголем дебил, е, да.
Можев и порано да го претекнам т.е. да влагам у макази али со кола од илјада кубика на плин и со 2 ипол месечно бебе внатре во кола не ми се ризикуваше. Бебето (внук ми) го носевме во Систина на преглед заради инфекција на кожата.
Јас кога возев автошкола пред 3 или 4 години, немаше такви глупости од типот влечење со 30км/ч, туку најнормално возење со 50км/ч и никој, ниту еднаш не влагал у макази за да ме претица или ми свиреше. Ова ми беше прво свирење на автошкола у живот, и се надевам и последно. Ги разбирам автошколиве и сум толерантен спрема нив, но ова влечење со 30км/ч на ограничување 50 км/ч, и неможност 3 минути да претекнеш го заслужува секој шамар и самар по лице и грб. Да, дебил сум пошто се брзав во Систина и свирев на дебилот од инструктор.