Во врска со ситуацијата на marjanot, жената што го закачила малку браникот, и вашите коментари ... знам дека појше на трол беа напишани, али има и стварно такви случки, кај што се демонстрира поголема сила врз жените, отколку на пример да седи зад волан некој - 1.90 цм. / 100 кг.

Баш имам заприметено дека муживе појше си зимаат сила кога ќе видат девојка / жена зад волан, па нивната исфрустрираност ја демонстрираат во сообраќајот врз послабите учесници (односно понежниот пол) ... се пикаат, сечат пат, се прават фраери, глумат лудило и сл.
Зборам од лично искуство и баш ја имам заприметено оваа разлика ... гледаат девојка зад волан и си мислат дека се најјаки и се' им се може.
Исто имав случка во септември на Партизанска кај Соборна.
Застанувам прва на семафор, во правец накај центар се движев, прозорот ми беше до пола отворен, и доаѓаат 2 ромчиња на возраст од некои си 6 / 7 години, и се фатија да ми бришат шофершајбна директива ... прво тука ми споија жици, и пуштив бришачите јас, у стилу да не ми ја закашкуваат шофершајбната.
Потоа одма ми се обесија на прозор да бараат пари, јас дигам стаклото, и едното дете ја става раката и ми го блокира механизмот, и стаклото не оди нагоре ... му викам тргни ми се, и пак дигам стаклото, и пак ми ја става раката по втор пат го блокира.
Е тука кога ми се споија жици, бидејќи веќе еднаш го предупредив, втор кикс не дозволувам, и брзинско откачување на појасот и отварање директива вратата јас, овие у тој момент почнаа да бегаат низ колите двете деца.
Не памтам некад во сообраќај толку многу да сум се изнервирала наеднаш како со таа случка, буквално жици ми спои моментот што ми го блокираше прозорот на 2 пати, да го фатев не знам што ќе му се десеше на малото, али за памет ќе му беше доживотно да не става рака кај што не и' е место.