Ај да се исповедам што ме изнервираа денес едни двајца морони, можеби и уште некој имаше ама овие беа онака ептен шлагот на тортата. 
На регионалниот пат до Валандово еден со Опел на дозволено 70 он вози 50 и ја жмигавец у лева лента и го престигнувам, возам 4та 50-60 и гас до крај, овој моронот ме виде дека го поминувам и ја згазна, 110-120 дигнав да го поминам и да се вратам во десна лента, намалив на 100 и после една кривина ме престигна. Додека се престигнува брзината не смее да ја променува, му **** све по список. 
На назад пак иста случка, овој пат другиот морон возеше Ford Focus, цел пат вози 60-70, еден позади мене не помина и двајцата, и на правото јас лев жмигавец, таман почнав да го престигнувам исто гас на колата и црнила позади летаат..
Бреејјј.. што им е на луѓето. 
Јас го имам направено тоа на еден морон што почна да ме претицува на полна линија, немаше коли од спротива и права улица, сакав само да му одржам лекција зошто беше некој балканец во странција сигурно(едно мало градче врие од босанци), али после кога размислив поубаво, остави ги нека кршат глава. Јас во Скопје првпат(не сум некојси искусен возач 3-4години) возам во животот скоро 2 недели(на гости кај бабата) и толку морони во животот не сум видел. Оние со моторите, особено “чоперистите“, знаат ли дека на црвено се застанува? Нека оде во Германија или Австрија и нека возат така, еден мој пријател не го фанал семафорот жолто бил залитан и за малце го фана црвено, 2000 евра казна или 6 месеци одземање на дозволата, а работата му зависи од возењето, па да видеме дали ке направи другпат грешка. Кога еден будала вечерно време накај Драчево(кај супер тинекс) вози по моја лента, не претицува, туку едноставно вози по моја лента, среќа што слободна беше десната моја лента, но доколку не беше што праеме бре другарче? Кога го видов тоа и секојден поминувам низ чаир и гледам разни глупости по патот, се можам да очекувам, едвај чекам да си се вратам таму кај што избегав и сите среќни и задоволни, ке купам еден голф 3ка за овде и да не ми е криво ни за дупка, ни за гребнатинка, ни за морони, за ништо... неколку членови ми рекоа уште пред да дојдам, не си доаѓај со кола, не си крши колата, уште на влезот на Србија, спремен бев да се вратам... малце забегав од едно сосема трета, јбг малце сум уморен