Свири алармот на едно моторче пред зграда 2 и пол саати веќе. Ми ја пукна главава.

Ејјј да бе, ми идеше да се симнам и да го дигнам у ваздух.
И јас бев тука, кај другар ми, кај што ми ја гледаш колата тука во твое маало ... и седиме друштво собрани цела екипа, и ова само циу циу циу ... ни ја пукна главата на сите, а касно беше, бар денски да беше, ќе рокневме музика (доволно гласно) и немаше да го слушаме тој иритантниот аларм.
Еден копук што ми се лепеше на 10 цм. од браник позади мене, прееска на Партизанска, а 70 возев, и се лепи позади, и ми го пукна филмот, кога згазнав, и вратив од трета во втора, го оставив одма зад мене ... и стигам на црвено застанувам, и застанува он до мене и се ѕвери ко шлакнат ... мрднат народ.
Тактички скроз погрешно. На кочница се мава, на кочница.
На гас се мава ако возиш V6 дизел со изгорени карики.
И што ако мавнам на кочница, ќе ме опне од позади, партали ќе ме напраи на таа брзина од некои си 70 км. на час.
За будали немам намера да си ја уништувам колата, која што толку многу ја пазам и чувам.
Да имам некоја јака стара Лада, или још боље некое старо Волво ... ооо и тоа како ќе мавнев на кочница, онака од кеиф, па нека си ја напраи он партали неговата кола, ама вака, нова кола да ми упропасти некоја будала ... односно самата јас ќе си ја упропастам колата, предизвикувајќи намерно јас сообраќајка мавајќи на кочница ... нема шанси.