Хахаа, кукла малата Дино.
Иначе слично нешто и мене ми се случи пред многу години, тоест 2000-та година за 1-ви мај.
Тргнуваме на велешко езеро, Јас со кадетот, Ксара дизел, 206-ка, пеглица, Голф 4-ка и уште неколку други коли.
ВО Петровец црка пумпа за гориво на 206-ка. Јас пошто последен со кадетот, полукружно на наплатнара рампа, го влечам до Ченто, ги товарам сите и назад на велешко. Таму правиме што правиме, Ксарата нејќе да запали а додека вергла димна завеса пушта од ауспухот. Ксарата останува таму да чека шлеп. Тргаме назад, Голф 4-ката гаси во возење. Продолжувам јас накај скопје, на наплатната петровец застанувам на патарина и нешто почнува да чури внатре. Ги бркам сите од кола, отворам хауба, кабелчето за струја од електронската дизна за мал гас се извадило од конекторчето, допрело на издувната грана и му изгорела изолацијата. Изолирбандот закачување, штекање конекторчето и назад до Скопје успешно.
Кога сака да се заебе работа малку фали

Али твојава авантура е баш на долги патишта хаха.