https://www.instantstreetview.com/@41.996974,21.428129,-0.79h,0.8p,1zЕ токму тука, ќе плеснев за малку еден со стар сребрен пасат, што незнае основни правила во сообраќај.
Си чекам јас на црвено на семафор, на средна лента за да идам лево по Партизанска.
Лева лента е само за лево, средна е и за лево и за право, а десна е само за право.
Се гледа и на самиот линк од street view што го поставив, долу лентите како одат.
И типов со сребрениот пасат, ми пресече пат, за малце ќе го плеснев, јас вртејќи налево од средната лента, а он од левата лента каде што мора лево, несмее право, си продужи он право.
Среќа што беше веќе навлезен малце пред мене, и јас вртејќи налево свртев плус и поглед налево кон колата, и оп ете ти го типов проаѓа покрај мене, си цепа право.
И одма закочив, али буквално на 5 цм. ми пројде од мене.
Обично сум ептем искулирана кога возам, и еден куп вакви слични ситуации сум имала, и не се нервирам воопшто, али типов треба да добие награда за инстант дигање на притисок, за 5 секунди успеа да ми го дигне притисокот 200 и да ме извади од такт!
Совет, у вакви случаи, држете исклучиво лева лента, да не ви се деси и на вас исто вака ... има премногу „таленти“ низ улиците.