Ќе видиме во Охрид како ќе функционираат 16-те кружни текови на 2 км во летна сезона. Не ми личи на оптимално решение на начинот на кој се поставени.
Пред некои 2 недели влагам во Охрид, прв пат откога се ставени кружните текови. На првиот кружен тек гледам дека 2те ленти се 2 ленти реда ради, ем се претесни лентите, ем самиот круг е премал - сметајте ги тие 2 ленти како една лента.
Е сега што ме изнервира всушност... Пешачките премини не се дел од кружниот тек, ама се ВЕДНАШ ДО КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ. Значи има мала прегледност дека доаѓаат пешаци (додека се кружи), плус колите мора да застануваат на самиот кружен тек (кој е премал, а 2те ленти се една лента).
Така на вториот кружен тек што го поминував, тој Охриѓанецот пред мене наеднаш буквално се вкопа во место заради надоаѓачки пешак. Среќа исклучително споро возев и веднаш го видов дека застана, па сепак блиску беше работата пошто човекот не даде жмигавец дека ќе се исклучува, едноставно наеднаш со шкрипка целосно застана на самиот кружен тек.
Предвидувам чести глупости штом ќе почнат гужвите, и препорачувам отварање четири очи. Посебно таму на 2та кружни текови блиску до пазарот.