Ако стварно извади лекарска потврда, таа сумата од 1000 до 2000 ке добие по една нула, да ти кажам само.
Да си пишел шамар, ке се знаело дека не може ништо да се случи. А со бокс, ха...Има милион работи. Потрес на мозок, претрпен страв, фрактура, бла бла бла...Има многу кои после целата прича си делат и пари за завршена работа.
Доволно е да отишол на доктор и да има трага дека не му било добро. Лекарски преглед, снимка од ртг, крвна слика.
После тоа си го папал.
Стварно ке ти биде криво што не си му скршил заб.
Ама барем си научил лекција, да не се курчиш ако немаш крила.
Оди си ти во црква, прекрсти се и запали свеќа.
Уште попаметно ти е да го побараш, и да се договориш дали сака да земе пари како оштета.
Дај му ако побара и напиши си изјава дека не е повреден, дека сака да земе 100, 500, 1000 евра како оштета и нема да те тужи. Ливчето нека ти го потпише. Во спротивно не сакам да ти раскажам неколку овакви случки со кој сум се сретнал многупати.
И тие таквите како тебе во случајов јако го папале.
Само да те подсетам дека за лажно сведочење и наоѓање на лажни сведоци можеш да свириш клавир.
