Вчера имав „бакнеж“ со една дама во фелиција. Позади Млечен, на Атинска, јас возев колку што дозволува уличката, погледнав десно да не излета некој, и, ко за беља, првпат во моево кратко возачко искуство не погледнав и лево, а момава се избаци од таму. Мене ми гребна браник под фар, ништо страшно, нејзе и' пукна фар (појма немам, не беше ни толку силен удар). Не дека многу се изнервирав, ама можеше да биде многу посериозно.
Второ, денес.... возев ко удрен со „мокра чорапа“. На кружен во Ѓорче му „влегов“ некому, веќе влезен, среќа не беше пребрз, некои необјасниво нагли потези по обиколница... не знам... на вакви денови човек не треба да седнува в кола