Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3267804 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8655 на: 10 Февруари 2014, 15:37:00 pm »
Ѓорче треба да е затворено за сообраќај, освен за автобустие на ЈСП (и ете жителите на Сарај).
Треба да се затвори патот накај Ѓорче. Мене баба ми ме има однесено еднаш со автобус во Сарај (со 2ка) а другото ПЕШКИ од Карпош. Не мора со коли да се оди накај Ѓорче.
Така ќе нема коли и ќе биде убаво за пешачење по улица Ѓорче Петров. Не можат сите да одат по околните помали улички.

Моите деца немаат три години и тешко е да ги носиш на водно пешки. Многу „уфурување“ нешто околу водно.  Не е проблемот на уништување на природата во еднаш-два пати во викендот што ќе се насоберат 300 коли на водно. Тоа е инфраструктурен проблем.
Свашта.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8656 на: 10 Февруари 2014, 15:37:53 pm »
Кога Ѓорче ќе биде парк шума од исклучителна важност за целиот град, нека го затворат за сообраќај.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8657 на: 10 Февруари 2014, 15:39:10 pm »
Никаде каде што сум бил во планина и имало асфалтиран пат не било ограничено движењето на возилата - до каде што има пат.

Луѓето не биле сељаци да се паркираат каде што не треба, али тоа е друг муабет. Ако веќе има пат, не гледам зашто би се ограничил пристапот на возила.

Од друга страна, една рампа доле, па нека пуштаат одредена бројка на возила, као на платен паркинг. Тоа, пеки. Ама да ми забрани пристап, ајде ве молам, да не си играме играчки.

А сите тие што паѓаат у несвест за Водно - еве, Водно е веќе упропастено. Too little, too late. Ај паѓајте малку во несвест за Скопска Црна Гора, превентивно. На време.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8658 на: 10 Февруари 2014, 15:45:19 pm »
А сите тие што паѓаат у несвест за Водно - еве, Водно е веќе упропастено. Too little, too late. Ај паѓајте малку во несвест за Скопска Црна Гора, превентивно. На време.

Ти ќе се прекршиш ако „паднеш у несвест“ малку за нешто? Си бил некогаш на протест? Или не осеќаш потреба да се замараш за такво нешто?

Ради ваквите ставови и мрзливоста, индиферентноста и „болењето кур за све“ сме стигнати таму каде што сме. Жал ми е што ти на овој начин ги доживуваш и гледаш работите.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8659 на: 10 Февруари 2014, 15:49:45 pm »
Vele, нема решение за ова и доле кај Полицијата се полнат тротоарите со коли. Сосема нормална работа е, нема што да те нервира. Тие што имаат кондиција се паркираат доле, тие што се дојдени за да дишат чист воздух се горе на паркингот и околината. Ова е исто како да кажеш тие што одат на Шапка да се паркираат во Тетово.

Па не знам баш дали и колку е исто... Прво, Водно е ~1000 м висина, Шапка е скијачки центар и колку е таму, преку 2000 висина (не знам колку е, може и тресам). На Водно се иде рекреативно, и од школото до средно се стига за околу 1 саат, ако ептен се влечкаш. До врв се стига за нешто поише. А имаш и опција да идеш со жичара (се’ додека немаш куче со тебе нормално, пошто ќе ја сруши жичарата и ќе ги изеде каблите). Плус, не знам дали има редовен превоз од Тетово до Шапка?

Шапка е на 1800 метри надморска и мислам дека има комбиња што возат нагоре. За викенд е преполно од коли, паркирани на паркинзите и покрај патот. Неможеш да кажеш да не одат со коли зошто има јавен превоз, ако е за така низ цело Скопје и низ цела Македонија имаш јавен превоз. Терај со автобус, не загадувај со кола. Тоа е сосема нормална појава, не наоѓајте пречки и таму кај што ги нема.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8660 на: 10 Февруари 2014, 15:50:04 pm »
Убаво вика човекот, да се преземе нешто превентивно. Што отишло у курац отишло.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8661 на: 10 Февруари 2014, 15:50:14 pm »
Друго е работата. Водно до средно водно ќе го урбанизираат. Ама не е тоа затоа што ние со коли идеме до средно за потоа да стигнеме до некаде дали пешки или со жичара.

Не се фурајте на тие што отишле со кола на водно и напраиле гужва затоа што паркинг инфраструктурата таму не е сменета веќе 40 години.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8662 на: 10 Февруари 2014, 15:58:57 pm »
Друго е работата. Водно до средно водно ќе го урбанизираат. Ама не е тоа затоа што ние со коли идеме до средно за потоа да стигнеме до некаде дали пешки или со жичара.

Не се фурајте на тие што отишле со кола на водно и напраиле гужва затоа што паркинг инфраструктурата таму не е сменета веќе 40 години.

Се надевам дека нема да ја сменат уште 40 години, ако тоа значи уништување на тоа што некако преживува на life support, баш поради тоа што некој се нафатил да ги гледа работите од „инфраструктурен“ аспект, наместо да ја остави природата да биде природа. А најжалното во се’ е што на никој не му дреме за тоа. Тоа највеќе боли.

БТВ океј, нареден пут ќе ве прашам за дозвола дали смеам да се изнервирам за нешто сметам дека не е во ред.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8663 на: 10 Февруари 2014, 16:10:00 pm »
Од друга страна, една рампа доле, па нека пуштаат одредена бројка на возила, као на платен паркинг. Тоа, пеки. Ама да ми забрани пристап, ајде ве молам, да не си играме играчки.

А сите тие што паѓаат у несвест за Водно - еве, Водно е веќе упропастено. Too little, too late. Ај паѓајте малку во несвест за Скопска Црна Гора, превентивно. На време.
Кој вели да се забрани пристап за луѓе?

Зборував да се забрани пристап за возила (освен ЈСП), а Водно да остане за луѓето. До врв се стига за 2-3 саати лагано планинарење со одмори. На крајот на краиштата нели за планирање и за спорт и за рекреација е работата.
Има алтернатива автобус до средно Водно, па потоа пешки или со жичара.

Не си во право за Водно дека е веќе упропастено. Ретки се тие големи градови кои имаат планина во непосредна близина. Тоа е благодет која треба да се користи совесно, а пошто луѓето во основа не се совесни - за тоа требаат закони, рестрикции и регулации.
Со наплата за паркирање што ќе постигнеш? Само ќе направат некое „Водно Рампа Претпријатие„ чија единствена функција ќе биде да наплаќа паркирање за да собере плата за (партиски) вработените.

Впрочем, кој инсистира со кола да излезе не мора да оди на Водно. Таквите може да одат и на Скопска Црна Гора, или на Козјак, или на Китка. Пошто веќе ионака решил да оди со кола, малку подолго возење не би требало да е проблем. Водно е толку блиску да навистина не мора со кола се оди.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8664 на: 10 Февруари 2014, 16:13:16 pm »
А сите тие што паѓаат у несвест за Водно - еве, Водно е веќе упропастено. Too little, too late. Ај паѓајте малку во несвест за Скопска Црна Гора, превентивно. На време.

Ти ќе се прекршиш ако „паднеш у несвест“ малку за нешто? Си бил некогаш на протест? Или не осеќаш потреба да се замараш за такво нешто?

Ради ваквите ставови и мрзливоста, индиферентноста и „болењето кур за све“ сме стигнати таму каде што сме. Жал ми е што ти на овој начин ги доживуваш и гледаш работите.

Далеку од тоа дека ме боли кур за све. Јас зборувам за нормално, регуларно функционирање кое може да се обезбеди.

Реалноста е дека паркинг инфраструктурата на Водно мора да се среди. Бројката на луѓе (да не праиме муабет за бројката на возила) е енормно зголемена во прошливе 20-30-40 години, а сите тие луѓе сакаат да отидат на Водно. На Водно нема да му биде ништо ако се досреди уште малку горе и се обезбеди дополнителен паркинг. Ако ништо друго, ќе се заштитат другите зелени површини, наместо полека но сигурно да се упропастува она што горе го има.

И не, не е дека ме боли мене кур за све. Едноставно, сакале ние да признаеме или не, протестирањето, бунењето и сите останати форми на искажување револт, во нашава држава, во овој момент немаат ама баш никаков ефект. Единственото што може да го постигнеш е да те „офарбаат“ како припадник на оваа или онаа опција, па дополнително да го цуцнеш кога на некого ќе му паднеш во очи.

Се знае како се протестира. Избори се ближат. Ефектот во Центар беше постигнат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8665 на: 10 Февруари 2014, 16:15:21 pm »
Друго е работата. Водно до средно водно ќе го урбанизираат. Ама не е тоа затоа што ние со коли идеме до средно за потоа да стигнеме до некаде дали пешки или со жичара.

Не се фурајте на тие што отишле со кола на водно и напраиле гужва затоа што паркинг инфраструктурата таму не е сменета веќе 40 години.

Се надевам дека нема да ја сменат уште 40 години, ако тоа значи уништување на тоа што некако преживува на life support, баш поради тоа што некој се нафатил да ги гледа работите од „инфраструктурен“ аспект, наместо да ја остави природата да биде природа. А најжалното во се’ е што на никој не му дреме за тоа. Тоа највеќе боли.

БТВ океј, нареден пут ќе ве прашам за дозвола дали смеам да се изнервирам за нешто сметам дека не е во ред.

Не реков јас дека сакам да се уништува нешто. Има доволно инфаструктура, постојат решенија и начини да се реши паркирањето таму за потребите на речиси милионски град. Моменталното решение било направено кога градов броел под 100-тина илјади жители.
Ако не сакаш да гледаш коли паркирани во шуми и зеленило, и уништувајќи го истото, треба да се направи инфраструктура.
Убаво наредени 200 коли на паркинг, прават помалку беља на природата од 200 коли распоредени по тревнати и шумски површини.

А и да, ако бараш од мене дозвола да се нервираш - нема да добиеш ;D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8666 на: 10 Февруари 2014, 16:30:40 pm »
Ѓорче треба да е затворено за сообраќај, освен за автобустие на ЈСП (и ете жителите на Сарај).
Треба да се затвори патот накај Ѓорче. Мене баба ми ме има однесено еднаш со автобус во Сарај (со 2ка) а другото ПЕШКИ од Карпош. Не мора со коли да се оди накај Ѓорче.
Така ќе нема коли и ќе биде убаво за пешачење по улица Ѓорче Петров. Не можат сите да одат по околните помали улички.

Дени треба да престане постојано да трола, освен понекогаш кога ситуацијата е соодветна (или ете кога некој лично него го провоцирал и го напиздил). Едноставно момакот премногу сер'... овааа, сакав да кажам премногу трола. Не мора постојано да го прави тоа. Понекогаш е забавен, но почесто е напорен.
Така ќе имаме убава дискусија, и ќе разменуваме мислења наместо да се препукуваме. Не можат сите да се сложат со лош хумор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8667 на: 10 Февруари 2014, 16:38:19 pm »
Значи поентата е доловена, добро е.

Водно треба да се затворено за сообраќај, освен за автобусите на ЈСП (и еве ајде, жителите на село Нерези).
Што има врска ако си со мали деца? Од мои три години, секоја недела бар два пати татко ми ме носел до врвот горе, ПЕШКИ од Карпош. Или има и автобуси за тие што баш не можат или немаат време. Ама не мора со колите сите до горе да одат.
Така ќе нема коли и да биде убаво за пешачење и по асфалт (не можат/сакаат сите да планинарат по земјаните стази).
Ова за во Вицови и смешки да се префрли ако не? А моето мислење за постов е:
треба да престане постојано да трола, освен понекогаш кога ситуацијата е соодветна (или ете кога некој лично него го провоцирал и го напиздил). Едноставно момакот премногу сер'... овааа, сакав да кажам премногу трола. Не мора постојано да го прави тоа. Понекогаш е забавен, но почесто е напорен.
Така ќе имаме убава дискусија, и ќе разменуваме мислења наместо да се препукуваме. Не можат сите да се сложат со лош хумор.
« Последно менување: 10 Февруари 2014, 16:50:04 pm Deni »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8668 на: 10 Февруари 2014, 16:42:58 pm »
Добро ќе биде, кога хуморот ќе се подобри (или ако ништо друго, кога ќе престанеш со 100% тролање). Знаеш, бар да се насмееме... ако веќе не дискутираме на темата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8669 на: 10 Февруари 2014, 19:00:19 pm »
А сите тие што паѓаат у несвест за Водно - еве, Водно е веќе упропастено. Too little, too late. Ај паѓајте малку во несвест за Скопска Црна Гора, превентивно. На време.

Ти ќе се прекршиш ако „паднеш у несвест“ малку за нешто? Си бил некогаш на протест? Или не осеќаш потреба да се замараш за такво нешто?

Ради ваквите ставови и мрзливоста, индиферентноста и „болењето кур за све“ сме стигнати таму каде што сме. Жал ми е што ти на овој начин ги доживуваш и гледаш работите.

Далеку од тоа дека ме боли кур за све. Јас зборувам за нормално, регуларно функционирање кое може да се обезбеди.

Реалноста е дека паркинг инфраструктурата на Водно мора да се среди. Бројката на луѓе (да не праиме муабет за бројката на возила) е енормно зголемена во прошливе 20-30-40 години, а сите тие луѓе сакаат да отидат на Водно. На Водно нема да му биде ништо ако се досреди уште малку горе и се обезбеди дополнителен паркинг. Ако ништо друго, ќе се заштитат другите зелени површини, наместо полека но сигурно да се упропастува она што горе го има.

И не, не е дека ме боли мене кур за све. Едноставно, сакале ние да признаеме или не, протестирањето, бунењето и сите останати форми на искажување револт, во нашава држава, во овој момент немаат ама баш никаков ефект. Единственото што може да го постигнеш е да те „офарбаат“ како припадник на оваа или онаа опција, па дополнително да го цуцнеш кога на некого ќе му паднеш во очи.

Се знае како се протестира. Избори се ближат. Ефектот во Центар беше постигнат.

И? Тоа значи дека треба да бутнеме главите у земја како ноеви, за да се позиционираме себеси за полесна пенетрација така? Ај кога веќе ебат, нека ебат, ама барем да не ме боли толку нели?

Е баш затоа сме стигнати до ова дереџе. Поради тоа што, или не те боли кур за ништо, или те боли, ама ќе си трпиш оти ако покажеш дека ти пречи болката, ќе те "офарбаат", или нели, ќе си бидеш "духовит и вицкаст" и ќе си свиркаш, пошто сеуште не си лично и директно засегнат.

Браво. Ви се чудам на паметот.

Поздрав свима.