Vele, нема решение за ова и доле кај Полицијата се полнат тротоарите со коли. Сосема нормална работа е, нема што да те нервира. Тие што имаат кондиција се паркираат доле, тие што се дојдени за да дишат чист воздух се горе на паркингот и околината. Ова е исто како да кажеш тие што одат на Шапка да се паркираат во Тетово.
Па не знам баш дали и колку е исто... Прво, Водно е ~1000 м висина, Шапка е скијачки центар и колку е таму, преку 2000 висина (не знам колку е, може и тресам). На Водно се иде рекреативно, и од школото до средно се стига за околу 1 саат, ако ептен се влечкаш. До врв се стига за нешто поише. А имаш и опција да идеш со жичара (се’ додека немаш куче со тебе нормално, пошто ќе ја сруши жичарата и ќе ги изеде каблите). Плус, не знам дали има редовен превоз од Тетово до Шапка?
Нормално?
Нормално е затоа што сме навикнати на ненормални работи тука.
God bless you, my Van

Моите деца немаат три години и тешко е да ги носиш на водно пешки. Многу „уфурување“ нешто околу водно. Не е проблемот на уништување на природата во еднаш-два пати во викендот што ќе се насоберат 300 коли на водно. Тоа е инфраструктурен проблем.
Ни од далеку не е доволно „уфурувањето“ за Водно. Само ретко кој е свесен за тоа. Му ебаа мамата и на него, и никој со прст не мрда. Е тоа е проблемот, а не инфраструктурата или што ти ја знам.
Пак ќе кажам, не викам дека тоа е главниот проблем на Водно, туку дека е сериозен проблем за Водно и дека мене вчера тоа ме изнервирало. А дали ќе продужам да се нервирам за тоа или не, моја работа е.