Според ова ке те казни:
24. Сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни
возила
Член 134
(1) По автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат пешаци, велосипеди, работни машини, мотокултиватори,
трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на
овој закон не се сметаат за моторни возила.
(2) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски
својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 километри на час.
(3) Одредбата од ставот (2) на овој член, не се однесува на возилата на
Армијата на Република Македонија, Полицијата, како и возила на правното
лице надлежно за одржување на патишта, кога давааt посебни светлосни
знаци (жолто трепкачко светло).
(4) ) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.
Моето толкување е вакво:
Штом ти вика дека треба најмалку 60 да развива возилото, ондак на автопат под 60 не треба да се вози.
Ако имам возило што максимум развива 45 км/ч ке смеам да го возам на автопат ?
Ако некој со лека кола која може да иде до 250 км/ч смее да вози на автопат со 45 км/ч, ондак и ја со моето возило чија максимална брзина му е 45 км/ч ке смеам да возам на автопат.