Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2532990 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8145 на: 02 Февруари 2014, 23:57:40 pm »
Епа тоа е, друг претходно во 14-те страници од дискусијава нема ништо постирано од закон дека не смееш да возиш под 60 на автопат.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8146 на: 02 Февруари 2014, 23:58:54 pm »
онак тотално си во право, заблудава со минималната е наметната од едно големо шофериште ;)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8147 на: 03 Февруари 2014, 00:00:20 am »
И сега што испадна не смее да се вози под 60 на автопат или смее?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8148 на: 03 Февруари 2014, 00:01:22 am »
Абе место да возите како што треба, само гледате да кочите сообраќај. Ако сакате да возите под 60 купете си точак и трошете калории!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8149 на: 03 Февруари 2014, 00:01:42 am »
И сега што испадна не смее да се вози под 60 на автопат или смее?
Само тоа што го пиша Фило стои во тој закон, навидум.

Абе место да возите како што треба, само гледате да кочите сообраќај. Ако сакате да возите под 60 купете си точак и трошете калории!
Многу здравје, среќа и успех во животот да те следи.  8)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8150 на: 03 Февруари 2014, 00:01:53 am »
ок... реков дека некој рече, ама не паметам више кој што и се изнакажа...

значи од оваа “конструктивна“ дискусија од (сега веќе) 15 страни заклучивме дека:

1-нема ограничување за минимална брзина на движење.

2-доколку некој со своето движење го попречува нормалниот тек на сообраќајот, т.е. ако позади него се прави колона ДОЛЖЕН Е да се помести нај десно за да го поминат а доколку и тоа не е доволно да се паркира на првото слободно место за тоа, и да почека да помине колоната.

3-минамалното ограничување според знак за брзина која би била законски ограничена како максимална е 40, освен ако условите на патот не се специјални. (незнам колку ова ке ми користи во животот но ете, го научив)...


онак тотално си во право, заблудава со минималната е наметната од едно големо шофериште ;)

дени е добар шофер. уверен сум во тоа лично. но е слаб толкувач на закони, а тоа не му е професија.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8151 на: 03 Февруари 2014, 00:04:04 am »
И ја се водам според член 39 во кои стои дека под 40 ни со знак неможе да се натера некој да вози освен во специфични услови.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8152 на: 03 Февруари 2014, 00:05:09 am »
Ако не можеш да се движиш со најмалку 60 на автопат не треба да си таму и ќе добиеш казна. Не може веспи да не смеат да се движат таму (и да им се пушуваат казни за ова), а со кола некој со 30 да вози.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8153 на: 03 Февруари 2014, 00:06:04 am »
Ако не можеш да се движиш со најмалку 60 на автопат не треба да си таму и ќе добиеш казна. Не може веспи да не смеат да се движат таму (и да им се пушуваат казни за ова), а со кола некој со 30 да вози.

here we go again...

според кој закон ке ми пише казна? дај да прочитаме. да се научиме, да видиме....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8154 на: 03 Февруари 2014, 00:12:47 am »
Според ова ке те казни:

24. Сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни
возила
                                           Член 134
(1) По автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат пешаци, велосипеди, работни машини, мотокултиватори,
трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на
овој закон не се сметаат за моторни возила.

(2) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски
својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 километри на час.

(3) Одредбата од ставот (2) на овој член, не се однесува на возилата на
Армијата на Република Македонија, Полицијата, како и возила на правното
лице надлежно за одржување на патишта, кога давааt посебни светлосни
знаци (жолто трепкачко светло).
(4) ) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

 (5) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.

Моето толкување е вакво:
Штом ти вика дека треба најмалку 60 да развива возилото, ондак на автопат под 60 не треба да се вози.
Ако имам возило што максимум развива 45 км/ч ке смеам да го возам на автопат ?
Ако некој со лека кола која може да иде до 250 км/ч смее да вози на автопат со 45 км/ч, ондак и ја со моето возило чија максимална брзина му е 45 км/ч ке смеам да возам на автопат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8155 на: 03 Февруари 2014, 00:14:35 am »
Не може да те казни според ова. Ако моето возило конструкциски може да вози над 60 км/ч никаде не пишува со која минимална брзина може да се движи.
Ќе те казни ако возиш со трактор по автопат евентуално.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8156 на: 03 Февруари 2014, 00:14:55 am »
E ова:



Затвор. Сместа. Или мрш во десна лента убиецу!

Во Република Македонија согласно законот за безбедност во сообракајот и патиштата, на автопат не смее да се движи возило кое според техничките карактеристики неможе да развие брзина од најмалку 60 km/h.Во Република Македонија согласно истиот закон, средната лента служи за возење, а левата за претекнување. Дозволена брзина на автопатиштата според истиот закон е 120 км, а најмала 60. Во овој опсег на брзина е нормално возењето во средната лента.
Кој дел не ти е јасен ?

А да, преголемата нервоза што ја покажуваш, тоа е проблемот, а од што толкава нервоза, ја стварно незнам, па уште и убиец го нарекуваш. А ти што се декларираш дека возиш 160 на автопат што тебе те прави тоа ?? Херој на автопатиштата ? Треба сите ние 150 да возиме па ти да се осекаш срекен ? Искрено несакам да се замерам со никој од форумов, ни со тебе, ни со било кој, али исклучок си ти кој покажува нервоза за оваа работа како на видеото, тоа значи дека ти само почитуваш возачи кои ке беснеат по патиштава, а оние што возат посмирено, кои гледаат да возат по прописи и да заштедат се убијци. Алал на твоето размислување  ;)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8157 на: 03 Февруари 2014, 00:16:15 am »
^^
Ја и тогаш сум се водел според член 134 :) Во претходниот мој пост изнесов мое толкување.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8158 на: 03 Февруари 2014, 00:17:31 am »
Од таму значи бил муабетот, кој не важи сега.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8159 на: 03 Февруари 2014, 00:18:38 am »
Јас не реков дека не важи, другите така викаат, прочитај го моето толкување 2-3 поста погоре :)