Јас не гледам дека вози под 60, а ако на сите ни лаже километражата, ондак ја можам значи во град да возам 80 бидејки реално би возел 70 и нема да ме казни полиција така ?? хахахахха цепки, лажеле километражите, човекот вози со најмалата дозволена брзина на автопат во државава. Да сме како германија, па десната лента за спори и товарни возила, средната за 130 км и левата за брзо возење, би те поддржал, али во оваа ситуација кај нас не те поддржувам
A јас на овој дел од патот од видеото возам 80-90 км на час во средата лента, проблем е тоа ??
Ако на радар возиш 59, а километража покажува 70 како на повеќето возила - незнам зошто би те казниле на дозволено 60. Џандарот не ти ја гледа километражата, си го гледа инструментот.
Точно, али ти се водиш според километражата на твоето возило, кога ке видиш табла 80, според километража толку возиш така ? Ене 40 години стара километража е кај мене на опелот, па до сега стално таткоми возел по прописи, и во населени места како петровец, градско, росоман сме возеле по километражата, имало и полиции со радар па не не сопреле
И како второ ја познавам километражата дека не лаже, се осека кога ке почнеме да го бркаме малку, одма се осека поголема брзина во опелот, а и сум се возел во повеке коли. Чисто како за пример, за велигден оваа година кога идевме за охрид со другари со корса Б 1.0, и другарот на неговиот телефон стави мапи и пушти GPS и километражата на колата и GPS от имаше разлика од 1 км, односно другаров вози 80, на GPS 81 км, и се секавам кога излеговме од скопје кај ѓорче, другаров под мостот од обиколницата возеше 60 и почна да забрзува, стигна до 63 и GPS-oв почна да предупредува дека сме прекорачиле брзина и на него имаше знак 60, така да крадењето на километражите излеа е само во твојата свест
Лента за ЗАСТАНУВАЊЕ не е обележана со ИСПРЕКИНАТА линија, туку СО ПОЛНА.
Ама па и се гледаат знаци за исклучување десно, па можеби таа лента е се користи за тоа?
Oва е на излез од скопје, после мостот кај ченто од каде што можеш да се уклучиш на автопат и фактички таа лента би му дошла како за забрзување на тие кои се приклучуваат на автопатот од мостот. После тоа доага исклучката десно за петровец и понатаму нормално, 2 ленти + лента за застанување