Па ти сакаш у закон да ти пишува „има право да те убие“? Еве како е дефинирано тоа законски:
Цитирано од СЛУЖБЕН ВЕСНИК
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Бр. 129 -Стр. 9
Светлосните знаци што се даваат со посебни уреди за давање на светлосни знаци на моторното возило ги имаат следните значења :
1. две трепкави светла, од кои едно во сина боја на десната страна, а другото во црвена боја на левата страна на возилото, значат дека возачот кога ќе ги сретне моторните возила што се под придружба, или кога ќе го престигнуваат тие возила, треба да го запре возилото, а ноќе наместо долги светла да употреби соборени светла за осветлување на патот, како и строго да се придржува кон наредбите што му ги даваат лицата од придружбата, а движењето да го продолжи дури откако сите возила под придружба ќе поминат, и да им го отстапи првенството на минување на тие возила и да не ги престигнува истите.