Мене еден вчера околу 16:15ч, со ново црно Ауди А6 ќе ме убиеше во директен судар во уличката кај Carner и NOVA гимназијата. Јас возев не повеќе од 20км/ч (намерно споро, пошто требаше да ја земам Наде од работа, а рано ми беше), нормално на моја лента. Го гледам залетан (сигурно околу 100км/ч) и си викам ај не е луд, далеку е, ме гледа, ќе успори (на неговата лента имаше паркирани коли)... Овој цепа директно у мене, замисли со кој памет (пијан ли бил, некое детиште од гимназијата ли

) идеше на ризик дека јас ќе излезам од лентата и ќе се качам на тротоар за да помине

Прво и мене ме фати инает и си ја држев лентата до задња милисекунда, нема да верувате дека око не му трепна и не се помери ни милиметар (а више и немаше многу место од паркираните коли на негова лента). Па добро бе си викам, колку човек треба да е будала да игра chicken у уличка кај што играат деца, шетаат кучиња, има школо, се градат згради ... Обично сум присебен, ама до сега ова е првиот што ме исфрлил од лента. Заклучок: Ипак имало побудали и од мене