На дотичната раскрсница која ја минувам буквално секој ден по два пати, денес:
уште кога го преминувам мостот „Гоце Делчев“ си се престројувам во средна лента оти си го знам планираното движење - за да не упаѓам водвижење подоцна.
Денес, една госпоѓа со Лада Рива се влечеше со 30, а сите знаеме со што резултира такво возење на тоа место (читај колона од Мавровка до мост). Ај, тоа го истрпив, некако не бев многу нервозен, иако два пати чекав на семафори заради неа.
На семафорите кај Мавровка кон МТВ, не знаеше во која лента вози, па наместо во надворешната, продолжи меѓу две ленти - изгубен Германец. Јас си возам во мојата лента, некој на кој му влегува во лента и` сигнализира и оваа нагло врти кон лево (кон мене), среќа шо не бев пребрз и рефлексно ја одбегнав.
На крај уште и застана (буквално) и почна да се расправа со сите лево/десно/позади неа и блокираше раскрсница.
Па, добро бе, мајка му стара....
Ама и јас, се надевам на некаков ред кога говедана во Јети се први кога треба да се прекрши некое правило (колку пати сум возел позади полициско возило со прегорени штопови, на пример)....
Ќе си купам Пегличка, има карамболи да праам на раскрсница, после со пари од осигурување ја носам кај Пецони да ми ја направи Ауди
