Мене пред некое време еден типац, мртов ладен на точак си се намести у лента што е и за лево и за право и си тргна типот на жуто да врти лево, а ја на зелено да терам право и закочив за да не го кренам на хауба и си го испцув така релаксирано пошто више не кинам нерви у сообраќај, освен за паркинг коа си доаѓам дома.
Пред 2-3 дена у Цити мол, глупаЌа со мерцедес утиња лента, т.е. утиња правец ми влага у моја лента од контра смер и се понаша ко ја да сум крив и коа се разминавме си се распцула глупаЌата у кола, а сиротата е толку неписмена што ни самата не знае дека го утнала правецот.
Пред една недела на 2 пати у ист ден ми се случи да се исклучи семафорот(да трепка жуто) и во моментот кога сум на сред раскрсница да се пушти семафорот, ама на колите што идат од друга страна. Се затна малце раскрсницата пошто едниве што имаа предност си тераат, на другиве што немаа им беше зелено и така

Го изместиле семфорот у Ново Лисиче кај поштата, се чека 15 минути, мамето нивно у сред таква неписмено. Многу луѓе си проаѓаат на црвено мислејќи дека е заглавен пошто семафорот претходно не само што траеше кратко, туку и си беше синхронизиран со претходните. Внимавајте ако проаѓате од таму, да не ве собере некој по грешка.