Денеска не ме изнервира ништо, напротив, морам да пријавам позитивно изненадување, иако насловов на темава не е таков.
Прво, кај Шумарски, кога се приклучуваш од кај Автокоманда знае да е мноооогу напорно за чекање, колони од двете страни и понекогаш, особено ако си прва кола во редицата, знаат и да почнат со свирење нестрпливите за приклучување, а ваму, врвулици од коли. Во таква ситуација, со ништо предизвикан еден повозрасен човек ми отстапи простор да се приклучам пред него.
Второ, минута и триесет и пет секунди подоцна, кај Саем, од кружниот се престројувам да вртам десно на бул. Гоце Делчев. Пред мене престроен во „двојната“ лента еден дечко со фиеста - комерцијална, јас давам трепкач и чекам да се отвори семафор, ни свирам, ни блендирам, тој ме виде и искористи простор до милиметар да ми отвори мене простор да поминам.
Аферим, многу ценам возачка солидарност.