Стварно. Еден недоквакан чоџук со бел матиз, или спарк, не загледав убаво... (со спортско брмчало, спуштен, затемнети стакла), се дрзна да ме претица на раскрсница без семафори, и тоа јас бев прв престроен во лентата за лево, со лев жмигавец уклучен. Гледав дали доаѓаат коли и слушам нешто ми брчи, го глеам матизов од моја лева страна, и јас се чудам што кур бара матизов тука...
И така се влечкаше до мене, и кога виде како го гледам, и дека нема коли и дека прави озбилен сообраќаен прекршок (престигнување во зона на раскрсница и возење во спротивен смер), нагази пуна гас. Јас застанав сред раскрсница пошто не можев да свртам лево од дегенерикот. Башка и од памет ме извади, мислев ќе собере некој или ќе напраи некоја друга беља. Се мислев после да идам да го бркам и да го искршам со нунчаките, ама па си реков немам бензин у мене, на сред пат ќе ми изгаси...