Баш вчера забележав, а доста често се случува ова на паркингот кај лептокарија што стварно понекогаш ме нервира.
Еве на сликава подоле, сите знаете, кај што е зелената стрелка се влегува, а каде што е црвената стрелка се излегува.
Доста од возачите влегуваат на паркингот од каде што е излезот, односно црвената стрелка и многу пати знае да се закочи влезот и излезот од паркингот од некои паметни.
Баш вчера тоа се случи, јас влегувам од кај зелената стрелка, и тука нешто подоле од зелената стрелка имаше кола со 4 жмигавци застаната, а од таму од паркингот излегува кола, и додека ја почекав да излезе, мангуп доага и сака да влезе од кај црвената стрелка и нормално се закочи сообракајот.
Страшно некогаш знае да ме нервира тоа.
