Денес како ме изнервирала една пи*ка од човек, мислам да го фатев ќе го лежев.
Имено на булеварот во н.Лисиче си цепам со моторчето во десна лента на крај при што возев со околу 50 км/ч, кога кај бурекџилница Весна од споредната улица без да погледне ни да подзастане гореспоменатото говедо ми искочи директно пред мене.
Пробав и да закочам и да го избегнам ама говедото ја фаќаше кривината со таков лак ко да е на мотогп, и за моја несреќа го удрив во задниот дел при што се излизгав неколку метри.
Одма дигнав глава и тргнав да станам кога го гледам говедото како дава гас и пичи. Почнав да му се дерам да застане али говедото не ме послуша при што пробав да му ја исчитам регистрацијата али воопшто не видов табличка.
Тогаш се израдував ептен. Фрлив поглед надоле и , како што и мислев, на улица лежи цел заден браник сосе регистрација од говедото. Нормално викнав полиција, па и брза помош пошто почна ептен да ми се лоши, и нормално се е тоа документирано + бонус еден куп сведоци потпишаа изјави. Има да плати за секоја гребаница, нагмечување и пукнатина што ја имам, како и за слабиот потрес на мозок.
Па да видам дали нареден пат ако му се случи такво нешто ќе гледа да кидне или ќе застане пред се да помогне на можните повредени, како и да ја сноси одговорноста за неговите грешки.
А искрено, не ми е толку за парите што ваљда ќе ги добијам(мада не се на одмет), туку ми е највише(иако е злобно, али ме заболе) говедото да го изеде немиен, да зажали што така постапи и нормално дебело да плати за тоа.
Мухаха-ауу(јебига реброто ме боли не можам да се досмеам

)