Тој подобар сум од тебе го имаат сите скопјани кога ќе видат некој со регистрација од друг град. Ако возиш 80 ќе вози 100 само да те помине на булевар ако ти одиш 100 тој ќе вози 120 и се така. Во штип е доста подобро и нема некоја напнатост освен со таксистите. инаку другите не се толку напнати и можам да кажам дека има доста солидно ниво на толеранција во сообраќајот овде.
Ама ти сериозно си ја имаш мувата на капата, а? Интересно како се пронаоѓаш себеси во овој или оној муабет.
Генерално, во право си. Во Скопје има неоправдана нетрпеливост кон луѓето кои доаѓаат од другите градови, што од друга страна потекнува од (сосем нормалната) збунетост на граѓаните од помали градови (чест на исклучоците) кога ќе дојдат во Скопје и ќе се најдат во хаос на кој не се навикнати. Исто како кога човек од Скопје ќе отиде во поголем град, во најмала рака Софија, Белград или Атина..