Јас незнам зошто толкав револт и нервоза према автошкола, па тоа претставува процес на обука на лицето за да стане возач. На некои автошколи на задната шофершајбна убаво пишува ''И ТИ СЕ УЧЕШЕ ДА ВОЗИШ'', ама вие постарите шофери кои одамна сте положиле изгледа не се секавата оти сте се учеле да возите или пак кога сте полагале пред 15-20 и повеке години немало толку сообракај и не се правеле гужви. Убаво кажа мече, ке испадне муабетот кој ти дал возачка, пошто недоволно оспособен кандидат кој возел кога по улицата имало 2 коли само и кога ке успее некако да положи и ке седне во кола, теле невидено ке биде.
Кога јас полагав и го чекав мојот ред, еден инструктор убаво рече, ниту еден шофер ама буквално нема никаква почит према автошкола, само да се свирело, да му пресече пат, да го престигнува во зона на раскрсница како што е случајот со стоп знак кога се обучаваш мора да застанеш пред знакот, па пак да тргнеш па да гледаш дали имаш возила од десна и лева страна, а за сето тоа време од позади се свири.
Ја попрво би вовел казна за шофери што воопшто свират на автошкола, а не автошколата што обучава кандидати во 2 саат на пладне. Глупости.
во мое време кога се полагаше за возачка не ги делеа како новогодишни календари возачките.
и нај често во мое време ние кои идевме да “учиме“ и да полагаме за возачка, веке знаевме да возиме. што татковци не учеле, што коли сме краделе од по дома кога ке си легнеа старите и така натака.... а тоа е епилог од драстично помал сообраќај... сообраќај во кој учествуваа возачи а не телиња со врски и пријатели за возачка... сообраќај во кој сите возачи знаеја да ги контролираат возилата на начин на кој се сплотуваа со возилото, а не сега како роботи со наполнето его на егоцентрик и паметњаковци кои стално паметуваат дека се е ок и во ред и ДЕКА ТАКА ТРЕБА ДА БИДЕ и секако нај јаката фраза ПА ТОА Е ВО РЕД И НОРМАЛНО... (не за тебе наменето)
во мое време авто школите идеа да возат по ниско фреквентни улици, вклучително и улици кои возеа надвор од градовите. во мое време авто школите НЕ ВОЗЕА ВО ВРВ ПЛАДНЕ во нај големиот шпиц, по нај прометните улици, и сепак излегуваа квалитетни возачи, а за возачката ке се потрудеа да ја заработат со труд и учење а не сега како што ги зимаат за живо џабе... во мое време за возачка се полагало и чекало и до 1,5 година...
имало во мое време и други правила за полагање... паднеш градска? дополнителни 6 часа возење. паднеш полигон? дополнителни 4 часа на полигон... паднеш тестови? 30 дена нема право да полагаш... да видиш како сите учеа и пазеа, а не сега со опцијата повикај пријател или два и “земи“ возачка...
зашто сум нанервиран на авто школите? ете затоа....
Свирењето на автошкола претставува тотална некултура, левел 90, а вие како сакате разберете ме. ТОЧКА.
ЗАПИРКА, од кога тоа стана некултура да свирнам па уште и 90-ти левел? кога некој кочи сообраќај, ке му свирам, зашто да не? па за тоа е свирката.. нека не ремети сообраќај и нека си брка работа... за кој андрак има инструктор до него/неа?