Многу ме нервира кога некој „најпаметен“ во најголема гужва ќе се паркира пред самиот влез на веро - тафталиџе.
И покрај тоа што е влез кретени си се паркираат како за нив да е направено тоа.
Стално се паркирани „јаки“ коли.
Денес влегувам на паркинг и нормално на тоа место паркирана бело ауди А7.
Се доближувам до аудито и пцијам цело време, каков сељак е.
Кога тогаш гледам излегува некоја плавуша од него.
И јас ни две ни три и се залетав накај врата и накај неа.
Како се испалши типка, тоа беше за на камера.

Ми се направи меракот, нормално после тоа беше поздравена со крената рака, во знак на сељанка.