Епа има закон у Германија, нема да излегуваат камиони од градилиште сосе калта од таму. Нема раскопани па заборавени улици тротоари и слично. Нема пљукни залепи и држ воду. Нема неасфалтирани улици со базени.
И пошто сето тоа го гледаме, и се навикнуваме на тоа, и ништо нит можеме да превземеме, странците ке им се прљаат кондурите коа ке дојдат.
Коа ке дојде некој на власт ( не алудирам на партии него на луѓе ), што се прошетал по белиот современ свет, и се обиде 30 % да го направи тука, ке се задвижи првиот чекор. Нови бре улици и улички асфалтираат, уште не згазени, се тресат, а да не спомнувам дека шахти обични не знаат да изнивелираат. Посебен циркус е во центар, на споредни улички, и во Карпош, исто на споредни улици.
Автопатиштава у германија слојот бетонски што се става, мора да има точно одредена влажност при нанесување, а кај нас, лопатари замешујат одокативно, и на прв мраз добиваш песок.