- Пешаци што на ново-поставените семафори си тераат и на нивно црвено (Партизанска, особено кај Буњаковец и на бул. Климент Охридски, кај Кинг Бургер).
- Точаци на среде улица. Разбирам дека на моменти нема каде да се вози, ама на партизанска по тек на целата улица има место за точаци.
- Луѓе што ќе ја почнат да ја проаѓаат Партизанска на место каде што нема пешачки, па одат покрај жардињерте (мега-жардињерата?) додека не стигнат до пролаз. Па уште губат рамнотежа.
- Немањето никакво трпение ниту толеранција во сообраќајот. Не-дај-боже некој да ве пушти да се вклучите од спротивна во главна улица.
- Таленти што влегуваат во мојата уличка и не само што ми се паркираат на моето паркинг место, него и ми ја блокираат влезната врата во двор, па неам каде да си ја оставам колата.
- Идиоти што иако раскрсницата е полна, инсистираат да продолжат кога им е зелено и застануваат на среде раскрсница, па со тоа ги блокираат тие што се движат во друг правец. Ова *редовно* се случува пред соборна и пред собрание.
- Таксисти што вчера ги видов како застанаа на среде раскрсница (конкретно, пред Веро Тафталиџе) за да соберат патници.
- Општо, таксисти.