Бев сведок на слична случка како на Саше, само што овој пат беше Форд Ескорт Караван, бел кумановски, на Табановце...
3 ленти работат за излез од државата, 2 за наши возила и една за странци ...
Овој мајмунов, беше во како и ја, средна лента, а таа десно од нас, за странците беше најбрза ...
И дека се движи доста брзо, еден од странците од таа лента, не мрдна, не надевајки се дека некој ке влезе во ѕој простор од 5-6 метри кој тој го остави, чекајки да дојде директно на ред ...
Да, точно претпоставувате, овој со Ескортот виде прилика, излезе од негова лента, иако беше на 4-5 коли од поминување граница, и се протна во празнината која ја остави странецот ...
Откако странецот почна да му свири, тоа не е негово место, мајмунов, сакајки да се покаже пред сите, излезе од колата, и замислете, иако е крив до миле воље, а искрено се надевав дека ке го врати нашиов џандар скроз до крај оти е во лента за странци, и почна да гестикулира, као нормален ли си ти бе, што свириш?
Откако германецов му одби на глупоста, и виде дека нема резонирање со стоката, мајмунов задоволен од тоа дека ја добил дискусијата, кревање маица до горе, жешко му било на сељачиштево, а ги гледам како реагираат странциве во таа колона, вадат телефони, го снимаат ...
Гледам, и ми е срам ...