Од сите теми на форумов, на оваа ич не ми е ќејф шо некропостам, ама не можев да издржам.
Пред некои 20тина минути, низ Охрид помина конвој од (претпоставувам неколку) Цитроен клубови. Се постари модели, средени, како шо и доликуват на клуб.
@cdyane се ми се чинит дека те видов и тебе негде напред во колоната.
Се враќам накај влез во Охрид од Св. Наум, на правецот кај Рача, во десна колона околу 30тина коли од конвојот, во лева лента 8-9 коли го престигнуваме конвојот, со можда 15-20км/х побрзо. Конвојот возеше околу 40, колите во лева лента се движевме со 50-55, пошо не е најширок патот и не е место за агресивни престигнувања.
Конвојот влезе во Охрид, и на сам влез, на бензинската Макпетрол, цел конвој од десна лента, ја пресече левата во која бевме неколку коли,
за да поминат низ бензинска и да излезат од другата страна, и пак си се вратија во десна лента.
Кој ја користел бензинската, знајт колкава гужва е таму, редовно, и знајт колку се незгодни и влезот и излезот од таа страна. Мене вистина не ми е јасно која беше поентата за таква глупост, ама да не изреагираше цела колона, ќе беше весело.
Еве и една ептен лоша илустрација од муабетот.