Држење растојание во колона, мора да биде на 2мм од браник, малце ако оставиш простор одма се упикува некој насилно и го заглавува цел сообраќај БИТНО ОН ДА ПОМИНЕ ПРЕД ТЕБЕ.
Дури и ако не е голема колона. Пример кај Тинекс на Борис Трајковски семафорот, чекам на црвено оставајќи простор некој ако влегува на паркингот да може да сврти на двете страни....доаѓа старо ама витално дртало позади мене и покрај тоа што имам жмигавец уклучено дека ќе искачам накај семафор....он ме заобиколува и застанува баш на влез(уште е црвено, нема каде да оди), го блокира цел влез....доаѓа кола што сака да влезе десно на паркинот ама не може од дебилот и се направи запек на цела раскрсница, заглавија и автобуси и други коли, па 500 маневри свирки и пцовки додека се одглавија сите. А се што требаше да направи кретенот е да почека позади мене. Нормално само што искочи на булевар му ја закачи фтора и остана во фтора до Усје со 30км/ч...не му се ни брзало, БИТНО МУ БИЛО ДА СЕ НАБУТА.
