Слабо Те-Гв посетуваш а? 
Шала на страна, трпението на возачите во Гостивар е
значително подобро од она што го гледам во Скопје.
Моја теорија е дека во Гостивар луѓето се помирени дека во град се глави ако возиш кола поради лошо паркирање и ред други сообраќајни глупости. А зошто се помирени, зошто и самите го прават тоа и разбираат.
Пред месец и нешто, пред мене му гаси кола на лик и не пали, ние сме нс "булевар" налик Илинденска со две ленти од кои едната е целосно зафатена со паркирани коли. Нема заобиколување, ивичњаци високи, буквално си заглавен.
Излегов од кола, му викам "треба да туркам?", вика само да се тргнам зошто нема да запали колата. Тргањето беше после 100 метри. Сметај јас сам, излегувам од своја кола, туркам туѓа 100 метра, трчам назад кон своја кола и притоа ниедна свирка не се слуша. Ниедна.
Си почекаа 3-4 минути, си продолживме сите. Во Скопје ако тргнам на зелено а не на жолто рука ќе им помодре од лупање на свирка.
Да не биде дека го хејтам Скопје, во периодите кога јас возам кола (после 6 попладне) во секоја ситуација го преферирам Скопје.