Не ме изнервира ништо денес, туку а пропо кружните текови, да не му овенат пуканките на
@Carpathian Lord 
Од правец Влае од лева лента се вклучувам на кружниот Ѓорче на внатрешна лента со намера да се исклучам на втор излез и да продолжам кон Ѓорче, иако истото можам да го направам и на десна лента, сеедно.
Во ист момент откако пристапив на внатрешна лента на кружниот, од првата уличка од десно (појма немам како се вика) се вклучува возило бидејки му беше слободен влезот на таа лента (надворешна лента) од кружниот. Појма немам каков знак има на таа уличка и кои му се дозволени правци и како и секогаш возам внимателно.
Во дел од самиот кружен тек возиме речиси паралелно, давам десен жмигавец (тој не може да го види), забележувам според неговото движење дека нема да се исклучи на негово прво десно и десна лента (кон Ѓорче) и одземам гас (без разлика дали морал да се исклучи на прво десно), го пропуштам за да можам јас да се исклучам, во исто време погледнувам на ретровизор да не има уште некое возило позади него, гледам дека нема и се исклучувам од кружниот.
Просто, јасно, едноставно и изводливо, доколку се движиш со брзина адекватна на кружен тек, а не со 50/60 па и поќе
