Вчера на секои 2км имаше полициска патрола и застануваа, супер, нека има, мора да се одржува ред и контрола, мислам дека понормално се вози кога има полициско присуство. Арно ама, ова сеуште си проаѓа:
Not a valid vimeo URL
Детето на моторот за малце ќе го акнеше џандарот(се гледа на видеото) и никому ништо, џандарот = 0 fucks given.
Плус, застана на макпетрол (500м подоле) да се поздрави со другарчињата во ГТИ-то и турираше при што моравме јас и човекот на пумпа да затнеме уши, ми зуеја 10 мин после тоа. Моторов е ЕКСТРЕМНО гласен, прозорите во кола ми се затворени кога ме поминува на видеото.
До сега никогаш не сум видел полиција да застане ваков мотор...веспи, скутери и остали двоточкаши стално гледам, ама ваков мотор никогаш не застануваат....зошто? Како е легално ова? Зошто се дозволува? Има јаки полициски мотори, има патроли по цел град....зошто не ги исклучуваат од сообраќај?
Пошо на некој мрсул му е јако да си брчи, мора 1000ци луѓе да трпат стрес и оштетен слух?
@loopz што е финтава, дали е вистинита шпекулацијата дека вакви мотори најчесто возат џандари или деца на џандари? Мене ми нема логика, ама да си прашам, пошто веќе во ШК логика не постои.