@Stratro Мојата е А119 v2, еве какви снимки вади:
ова е со драстично намален квалитет за да се прикачи на вимео, ама да имаш претстава отприлика.
Браво, ноќниве снимки се топ а за денските ич не правиме муабет, ЏАМ. Ако V2 е вака ОК можам да замислам тек V3 каква е ноќе.
Откако ја купив А118 не сум истражувал квалитет на снимка, ама по ова сега што гледам за А119 мислам дека кај да е ќе треба да направам апгрејд на камерава.
Кажи само колку часови снимка фаќа на 32 гига картичка (ако си запазил), да видам дали да ја задржам сегашнава или ќе треба поголема картица да се пазари.
Златен, дај ми ја брзината на движење на двете возила низ целото видео, па ќе имаш случај. 
Тоа на почетокот со кочењето е беља баш.
АМА, што правиме со остатокот?
Ако остатокот од видеото е сè над 120км/ч, какви аргументи имаш и за двете возила?
Јас викам дека и двајцата усрале.
И да - првиот повеќе, вториот помалку.
Ама јас не мерам овде, само 0 или 1 постои во равенкава...
Па кажав кои беа брзините, или не ми веруваш?

Почетокот, јас возам ~120 или можеби 125 најмногу. Тој е под 100 или накај 90 со оглед на тоа колку бргу му се приближувам, а кога доаѓам блиску додатно кочи на 70-80. Му сигнализирам, му оставам време, не се трга. Преминувам на десна лента. Убрзува за да не можам безбедно да го престигнам пред да ги стигнеме аутата во десната лента кои очигледно не возат повеќе од ~100 (се гледа).
Понатаму, тој нема никаква причина да вози во лева лента - штом вози ПОСПОРО од тие напред во десната лента. Не само тоа туку тој на почетокот возеше
на средина на двете ленти, и премина на левата лента кога ме виде дека надоаѓам отпозади.
Дали бил пијан, или со некаква умисла, можам само да нагаѓам.
Ти секако можеш да кажеш дека јас не сум морал да го направам тоа што го направив.
ОК би било тоа, ако останеш на тоа.
Ама ако кажеш дека „и двајцата усрале исто“ ја можам само да ги кажам дека многу бе јадеш... БУРЕК!
