Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2904872 пати)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20565 на: 06 Октомври 2020, 21:13:39 pm »
Какво подигање на свест бе брат? Ти се читаш ли какви глупости збориш.

На дегенерик да му подигнеш свест? Мислам, глупост по дефиниција. Решението е затвор и одземање на возило. Толку едноставно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20566 на: 06 Октомври 2020, 21:27:46 pm »
Подигање свест - од аспект на тоа ако почесто се посочуваат постапките од ваквите ликови (ете вака со видеа), можеби надлежните институции/органи ќе имаат поголем притисок да си ја работат работата... Следствено - затвор и одземање на возило, и понатаму како што е редот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20567 на: 06 Октомври 2020, 21:31:36 pm »
Пред некое време, на почетокот од обиколницата од Сарај по угорницата почнав да претекнувам колона возила (камиони).
Пред мене се убаци (регуларно) една поспора кола со 80км/ч, намалив брзина и се беше во ред кога позади мене се налепи еден со пикап и почна да ми блендира. Во секунда ми го дигна нервот.
Кога колата пред мене го заврши претекнувањето се врати на десна лента, таман нагазив на гас да го претекнам и него, тој позади мене повторно ми блендираше.
Ај си викам смири се, се престроив во десно, намалив на 100 и очекував дека тој со пикапот ќе стисне на гас. Тој на толку блендирање почна да ме претекнува со 102. Значи намалив брзина за да му овозможам да ме претекне што побрзо, а тој се влечка.
Тука ми пукна филмот, нагазив на гас и фактички го претекнав од десна страна.

Нека ме тужи ;D



Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20568 на: 06 Октомври 2020, 21:34:34 pm »
Подигање свест - од аспект на тоа ако почесто се посочуваат постапките од ваквите ликови (ете вака со видеа), можеби надлежните институции/органи ќе имаат поголем притисок да си ја работат работата... Следствено - затвор и одземање на возило, и понатаму како што е редот.

Демек тој не е сесен дека е кретен? Па треба почесто да му се укажува?
Брат тој е кретен и се гордее со тоа. Оправање од тоа е само ќптек јадење и земање кола, трето нема. Консултирај дефектолог ќе ти каже.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20569 на: 06 Октомври 2020, 22:24:30 pm »
Зошто не го пријави во полиција одма?
Попречува пат, свесно кочи за да го удрам итн...
Се друго е безполезно

Една вечер пред мене возеше ќор пијан, ќе изгазеше 2ца, 2 коли паркирани на спротивна лента ќе ги удреше...пријавив 192, ме прашаа каде се движи, застанав 2 мин да се оддалечи, и кога продолжив го сретнав со полицијата како се објаснува. Нема нервоза, нема чаламење

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20570 на: 06 Октомври 2020, 23:08:25 pm »
Би го направил тоа, би пријавил да е дозволено видеата да служат како доказ. Вака збор против збор и влечење по институции е само губење време. Пошто во случајов не е дека ќе дојдеше патрола и ќе го фатеше овој како пак го прави истото.

За тоа реков: Видеа од настаните и јавно да се објавуваат - а јавниот притисок не е врз прекршителите, туку врз властите - да почнат повеќе да си ја работат работата за вистински прекршоци, наместо да казнуваат кампањски за баналности (само кога е празна касата).

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20571 на: 06 Октомври 2020, 23:10:47 pm »
Сакам и јас ваква камера.
Инфо?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20572 на: 07 Октомври 2020, 07:33:30 am »
Нема тука кој е крив, двајцата лошо сте возеле, да му ебам стопанката.

Слаб муабет.
Ти закочи тебе некој во лева лента (која е за престигнување) без причина, ти сигурно ќе му се извиниш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20573 на: 07 Октомври 2020, 14:52:12 pm »
Сакам и јас ваква камера.
Инфо?


Oвде сум пишувал за камерата:
...во последно време прилично читав ревјуа за (десетици) камери за во кола.
https://dashcamtalk.com ти е право место за информации за камери за во кола, башка и форумот им е супер и има спремни дечки за муабет.

Јас конкретно пред десетина дена ја нарачав VIOFO A118C, со Novatek NT96650 процесор и со Aptina AR0330 CMOS сензор. Ми се допадна тоа дека покрај солидните перформанси, има и прично неупадлива форма (во однос на други камери) и тешко се приметува кога е монтирана во кола (значи и помалку е мета за крадење). Не се лепи со онакво вакуум кругче, туку со 3М леплива лента, и кога ќе се намонтира изгледа како држач за ретровизорот (или така нешто).
Пред скоро испадна новиот модел А119, и цената на А118-ката падна. Башка што моделот е A118C и камерата има супер кондензатори наместо батерија - посебно важно за кај нас пошто во лето имаме топла клима и во колите се развиваат солидно високи температури (што е смрт за батериите).
Така да после препораките и читањето ревјуа си ја нарачав A118C:
http://www.gearbest.com/car-dvr/pp_142025.html?vip=217437
Ја има и на Ибеј и на Алиекспрес, но Геарбест некако ми е најдобро место за купување на вакви работи. На Ибеј и на Алиекспрес има многу продавачи на еден ист производ и доста од тие понуди се лоши копии, на Геарбест продаваат една верзија која секако е добра (па дури и да е копија). Во случајов A118-ката од Геарбест е дефинитивно од VIOFO. На Геарбест има и ГПС модул за некои 5 долари, јас не нарачав пошто не сакам да ми стои км/ч на видеата.

Инаку има милион ревјуа не нет за камерава:
https://www.youtube.com/results?search_query=a118+dash+cam

На некои од видеата има и упатства за монтажа на каблите под шал табла. Некој поназад прашуваше вакво нешто, тогаш немав добар совет - сега можам да го препорачам следниов DC на DC конвертор за ич пари:
http://www.aliexpress.com/item/Free-Shipping-LM2596-ADJ-DC-DC-Step-down-Step-Down-Power-Supply-Module-4V-40V-Adjustable/32320071479.html
Овој е деклариран на 3 ампери, од ентузјасти е тестиран и докажан... Иако 3А е неточна спецификација и конверторот никако нема да преживее долго користење на 3 ампери, дури и на 2 ампери солидно се загрева. Но конкретнава камера VIOFO A118C влече само 1 ампер и со посочениов конвертор е добра комбинација. Нормално, најдобро е да се спои на 12волтна линија која се прекинува со исклучување на контакт.
Ајде ако не заборавам, ќе ја документирам постапката кога ќе ја монтирам камерата.

Еве ревјуа за конверторот:
http://lygte-info.dk/review/Power%20Adjustable%20buck%20converter%20LM2596%20UK.html
http://www.youtube.com/watch?v=6LTxJWsn1HQ


Еве како (неупадливо) изгледа А118 кога е монтирана.
https://dashcamtalk.com/forum/threads/b40-a118-ae-cc30-mounted-in-your-car-photos.5909/page-7
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Инаку новиот модел (А119) има поголема резолуција, ама јас лично мислам дека резолуции над фулХД ќе значат премногу главоболки со мемориски картички (помало време на снимање, побарување на поголема брзина на запис, итн).



едит:
Еве сега што е актуелно од добри камери за нормални суми пари: https://www.aliexpress.com/item/32958527499.html
И поновата верзија со подобар сензор и подобри ноќни снимки, плус HEVC видео кодек (подолго време снимање на иста мемориска картичка): https://www.aliexpress.com/item/33030968874.html

Моментални цени за VIOFO A119:
v3 е  94 + 17 долари шипинг
v2 е  65 + 16 долари шипинг
« Последно менување: 07 Октомври 2020, 15:09:32 pm Van »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20574 на: 07 Октомври 2020, 15:01:08 pm »
Избегнувајте ја Илинденска (пред Влада), Гавазова ќе протестира
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3697
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20575 на: 07 Октомври 2020, 15:12:00 pm »
Избегнувајте ја Илинденска (пред Влада), Гавазова ќе протестира
Значи да не ја избегнуваме...Гавазова.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20576 на: 07 Октомври 2020, 15:48:18 pm »
Do koga?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20577 на: 07 Октомври 2020, 16:00:21 pm »
@Stratro Мојата е А119 v2, еве какви снимки вади:



ова е со драстично намален квалитет за да се прикачи на вимео, ама да имаш претстава отприлика.


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20578 на: 07 Октомври 2020, 16:26:53 pm »
Uuuu anasana go izgledav videovo do kraj ne za kvalitetot na slikata tuku do stokive sto funkcioniraat po nasive ulici. Ova ne e normalno bre policijava osven sto se zanimava so ovie maski sto nenosat treba i malce so bagrava sto vozi da se zanimavaat

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20579 на: 07 Октомври 2020, 17:38:55 pm »
Нема тука кој е крив, двајцата лошо сте возеле, да му ебам стопанката.

Слаб муабет.
Ти закочи тебе некој во лева лента (која е за престигнување) без причина, ти сигурно ќе му се извиниш.

Златен, дај ми ја брзината на движење на двете возила низ целото видео, па ќе имаш случај. :)

Тоа на почетокот со кочењето е беља баш.

АМА, што правиме со остатокот?
Ако остатокот од видеото е сè над 120км/ч, какви аргументи имаш и за двете возила?
Јас викам дека и двајцата усрале.

И да - првиот повеќе, вториот помалку.
Ама јас не мерам овде, само 0 или 1 постои во равенкава...
Министерство за транс, поп и виски.