Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2902214 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20595 на: 08 Октомври 2020, 12:39:55 pm »
Така е.
Завчера клинч на семафорот кај Палатата кај подвожњакот, едвај свртев лево кон Црвен крст. На тие семафори иста приказна, едвај се протнав за право кон Џамбо.

Зелено било и тртни се на сред раскрсница.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20596 на: 08 Октомври 2020, 12:40:08 pm »
Деновиве неколку пати така, гледам дека ако поминам, ќе ја ебам раскрсницата, па застанвам на зелено, свират ли свират позади, со хебла уште да ми излезат :)
Ама тоа е, не им е јасна ситуацијата, шо ќе му прајш, поарно да се изблокирани на сред раскрсница отколку 3 минути да почекаат...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20597 на: 08 Октомври 2020, 12:41:56 pm »
А не им текнува дека ако ја изблокираат раскрсницата, многу подолго од три минути ќе заглават.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20598 на: 08 Октомври 2020, 12:43:53 pm »
Тачно така.

Секој пат кога ќе им речам дека "ништо не му фали на скопскиот асфалт - вие сте глупи",
гледам да бидам подалеку, да не ме тепаат.

Оти, ем глупи ем убедени дека се во право. :))

А треба само трошка несебичност - ем за себе ем за сите ќе биде подобро.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20599 на: 08 Октомври 2020, 12:57:48 pm »
Тоа го викам "јас само да прашам нешто и одма ако може прв да се протнам вие чекајте ред пошто сте глупи".

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20600 на: 08 Октомври 2020, 13:05:13 pm »


Ајде тогаш кажете кое џаде да го фатам од градска болница а да не заглавам на излез за накај Велес?

Хм. Јас би излегол на обиколница. Од градска кон црвен крст, таму лево и сааааамо право. Малку ќе заглавиш можеби низ Чаир, ама ќе искочиш на новиот излез на обиколница што е пред Радишани. Таму десно на обиколница и пичи.

Едит: Вака - https://goo.gl/maps/aappNb19moUKXWQq5

Едит 2: Уште подобро, вака - https://goo.gl/maps/ymaXU93hFna9Jeg39

Фала на инфо, не знаев дека и од овде може да се излези на обиколница. Ќе ја возам рутава околу 17 часот, со надеж дека нема да заглавам на некоја раскрсница.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20601 на: 08 Октомври 2020, 13:07:13 pm »
Секојдневие... од лентата најпразната за право, па на крај десен жмигавец за во редицата кај што чекаш... само да праша. Или во шпиц по булевар, 4 жмигавци во најдесна лентаза да купи мастики од трафика. Вози ти по пропис кога не си "снаодлив" :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20602 на: 08 Октомври 2020, 13:08:30 pm »
Фала на инфо, не знаев дека и од овде може да се излези на обиколница. Ќе ја возам рутава околу 17 часот, со надеж дека нема да заглавам на некоја раскрсница.

Некаде ќе заглавиш сигурно. :)


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20603 на: 08 Октомври 2020, 13:09:29 pm »
Сигурно :)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20604 на: 08 Октомври 2020, 13:12:31 pm »
@Stratro Мојата е А119 v2, еве какви снимки вади:



ова е со драстично намален квалитет за да се прикачи на вимео, ама да имаш претстава отприлика.

Браво, ноќниве снимки се топ а за денските ич не правиме муабет, ЏАМ. Ако V2 е вака ОК можам да замислам тек V3 каква е ноќе.
Откако ја купив А118 не сум истражувал квалитет на снимка, ама по ова сега што гледам за А119 мислам дека кај да е ќе треба да направам апгрејд на камерава.

Кажи само колку часови снимка фаќа на 32 гига картичка (ако си запазил), да видам дали да ја задржам сегашнава или ќе треба поголема картица да се пазари.




Златен, дај ми ја брзината на движење на двете возила низ целото видео, па ќе имаш случај. :)

Тоа на почетокот со кочењето е беља баш.

АМА, што правиме со остатокот?
Ако остатокот од видеото е сè над 120км/ч, какви аргументи имаш и за двете возила?
Јас викам дека и двајцата усрале.

И да - првиот повеќе, вториот помалку.
Ама јас не мерам овде, само 0 или 1 постои во равенкава...

Па кажав кои беа брзините, или не ми веруваш?  :)
Почетокот, јас возам ~120 или можеби 125 најмногу. Тој е под 100 или накај 90 со оглед на тоа колку бргу му се приближувам, а кога доаѓам блиску додатно кочи на 70-80. Му сигнализирам, му оставам време, не се трга. Преминувам на десна лента. Убрзува за да не можам безбедно да го престигнам пред да ги стигнеме аутата во десната лента кои очигледно не возат повеќе од ~100 (се гледа).

Понатаму, тој нема никаква причина да вози во лева лента - штом вози ПОСПОРО од тие напред во десната лента. Не само тоа туку тој на почетокот возеше на средина на двете ленти, и премина на левата лента кога ме виде дека надоаѓам отпозади.
Дали бил пијан, или со некаква умисла, можам само да нагаѓам.


Ти секако можеш да кажеш дека јас не сум морал да го направам тоа што го направив.


ОК би било тоа, ако останеш на тоа.
Ама ако кажеш дека „и двајцата усрале исто“ ја можам само да ги кажам дека многу бе јадеш... БУРЕК!  ;D
@Van уште не сум земал камера.
Ја меркам цело време A119, но ме интересира дали има некоја што може да се поврзе на мобилен и да се пренесува сигналот на PC/компјутер? Таа и не мора да снима на картица ама ако треба да има некоја картица во неа колку да може да работи, не е проблем. Ме интересира дали има ваква камера? Не сум погледнал дали може да се поврзе некоја камера на мобилен и да се пренесува сигналот преку интернет на компјутер.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20605 на: 08 Октомври 2020, 14:33:15 pm »
Да си знаете дека од денес почна се прави булеварот кај Автокоманда во обратен правец  (према излез од Скопје.)
God help us all.

Сепак, никој во 20 години до сега не се нафати да ја среди делницава од корен како што треба и станата бетер од шаховска табла со крпеници, а секој ден ја возам до дома.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20606 на: 08 Октомври 2020, 16:25:57 pm »
Ја меркам цело време A119, но ме интересира дали има некоја што може да се поврзе на мобилен и да се пренесува сигналот на PC/компјутер? Таа и не мора да снима на картица ама ако треба да има некоја картица во неа колку да може да работи, не е проблем. Ме интересира дали има ваква камера? Не сум погледнал дали може да се поврзе некоја камера на мобилен и да се пренесува сигналот преку интернет на компјутер.

Viofo A129
https://www.viofo.com/en/blog/how-to-connect-viofo-wi-fi-and-use-viofo-app-b45.html

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20607 на: 08 Октомври 2020, 17:24:36 pm »
Да си знаете дека од денес почна се прави булеварот кај Автокоманда во обратен правец  (према излез од Скопје.)
God help us all.

Сепак, никој во 20 години до сега не се нафати да ја среди делницава од корен како што треба и станата бетер од шаховска табла со крпеници, а секој ден ја возам до дома.


Почнуваат од каде што завршија, или?

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20608 на: 08 Октомври 2020, 18:06:17 pm »
Пуштен е влезот? Го завршија скроз?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

https://skopjeinfo.mk/rekonstruiran-e-bulevarot-aleksandar-makedonski

--

Ајде тогаш кажете кое џаде да го фатам од градска болница а да не заглавам на излез за накај Велес?

Хм. Јас би излегол на обиколница. Од градска кон црвен крст, таму лево и сааааамо право. Малку ќе заглавиш можеби низ Чаир, ама ќе искочиш на новиот излез на обиколница што е пред Радишани. Таму десно на обиколница и пичи.

Едит: Вака - https://goo.gl/maps/aappNb19moUKXWQq5

Едит 2: Уште подобро, вака - https://goo.gl/maps/ymaXU93hFna9Jeg39
Побрзаа да кажат дека е готов и пуштен и заглавив после работа, од лукоил камник до мостот кај асуц во една лента се возеше, асфалтираа автобуската и ивичњаци корегираа

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20609 на: 08 Октомври 2020, 18:15:12 pm »
Ako pocnat od benziskata na lukoil prema izlez go ebav ezot za na rabota u pm