Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2902174 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20580 на: 07 Октомври 2020, 20:15:43 pm »
@Stratro Мојата е А119 v2, еве какви снимки вади:



ова е со драстично намален квалитет за да се прикачи на вимео, ама да имаш претстава отприлика.

Браво, ноќниве снимки се топ а за денските ич не правиме муабет, ЏАМ. Ако V2 е вака ОК можам да замислам тек V3 каква е ноќе.
Откако ја купив А118 не сум истражувал квалитет на снимка, ама по ова сега што гледам за А119 мислам дека кај да е ќе треба да направам апгрејд на камерава.

Кажи само колку часови снимка фаќа на 32 гига картичка (ако си запазил), да видам дали да ја задржам сегашнава или ќе треба поголема картица да се пазари.




Златен, дај ми ја брзината на движење на двете возила низ целото видео, па ќе имаш случај. :)

Тоа на почетокот со кочењето е беља баш.

АМА, што правиме со остатокот?
Ако остатокот од видеото е сè над 120км/ч, какви аргументи имаш и за двете возила?
Јас викам дека и двајцата усрале.

И да - првиот повеќе, вториот помалку.
Ама јас не мерам овде, само 0 или 1 постои во равенкава...

Па кажав кои беа брзините, или не ми веруваш?  :)
Почетокот, јас возам ~120 или можеби 125 најмногу. Тој е под 100 или накај 90 со оглед на тоа колку бргу му се приближувам, а кога доаѓам блиску додатно кочи на 70-80. Му сигнализирам, му оставам време, не се трга. Преминувам на десна лента. Убрзува за да не можам безбедно да го престигнам пред да ги стигнеме аутата во десната лента кои очигледно не возат повеќе од ~100 (се гледа).

Понатаму, тој нема никаква причина да вози во лева лента - штом вози ПОСПОРО од тие напред во десната лента. Не само тоа туку тој на почетокот возеше на средина на двете ленти, и премина на левата лента кога ме виде дека надоаѓам отпозади.
Дали бил пијан, или со некаква умисла, можам само да нагаѓам.


Ти секако можеш да кажеш дека јас не сум морал да го направам тоа што го направив.


ОК би било тоа, ако останеш на тоа.
Ама ако кажеш дека „и двајцата усрале исто“ ја можам само да ги кажам дека многу бе јадеш... БУРЕК!  ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20581 на: 07 Октомври 2020, 20:36:44 pm »
Ликови кои глават на лева лента на автопат.
Во овој случај и сомнителен беше мамлазот, на сигнализација не се тргаше а кога се обидував да го претекнам (јас во десната лента) убрзаваше и потоа пак кочеше.

https://streamable.com/ps2ez7


Настрана темата за возењето, наштеловај ги фаровите, десното ти свети доста подоле него левото.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20582 на: 07 Октомври 2020, 20:46:23 pm »
Настрана темата за возењето, наштеловај ги фаровите, десното ти свети доста подоле него левото.

Остај, со тоа се занимавав летово (да ги спуштам малку светлата) и не доштимав остана така десното... А уствари левото сакав да биде малку подолу. :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20583 на: 07 Октомври 2020, 22:55:09 pm »
Ванка, у реду е бе...
Во пораката со видеото немаше ништо за тоа, после заакавте 3 страни и престанав и да читам таму.

Сите ве поштуем, знаеш...
А мислев дури и да ти се извинам додека читам, ама крајот ти го усра делото пак, па затоа по џентлменски кодекс рачунам дека сме квит.

Peace out.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20584 на: 08 Октомври 2020, 07:33:12 am »
Кажи само колку часови снимка фаќа на 32 гига картичка (ако си запазил), да видам дали да ја задржам сегашнава или ќе треба поголема картица да се пазари.
Мојата беше во пакет со 64GB, собира околу 6 ипол саати ако снима со резолуција 2560х1440 30fps


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20585 на: 08 Октомври 2020, 10:25:41 am »
Ajde i izlezot na Skopje od Benzinskata MP ke pocne da se kopa i raboti.

Nazdravje ushte edno mesto za guzvanje. Barem neka napravat 14 dena karantin neka zavrshat se pa da se vratime na normalen zivot

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20586 на: 08 Октомври 2020, 11:41:02 am »
Е добро де, го средија во една насока, сега во друга. Повторно, трпение.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20587 на: 08 Октомври 2020, 11:57:11 am »
Пуштен е влезот? Го завршија скроз?


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20588 на: 08 Октомври 2020, 12:02:16 pm »
Ајде тогаш кажете кое џаде да го фатам од градска болница а да не заглавам на излез за накај Велес?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20589 на: 08 Октомври 2020, 12:03:59 pm »
Пуштен е влезот? Го завршија скроз?



https://skopjeinfo.mk/rekonstruiran-e-bulevarot-aleksandar-makedonski

--

Ајде тогаш кажете кое џаде да го фатам од градска болница а да не заглавам на излез за накај Велес?

Хм. Јас би излегол на обиколница. Од градска кон црвен крст, таму лево и сааааамо право. Малку ќе заглавиш можеби низ Чаир, ама ќе искочиш на новиот излез на обиколница што е пред Радишани. Таму десно на обиколница и пичи.

Едит: Вака - https://goo.gl/maps/aappNb19moUKXWQq5

Едит 2: Уште подобро, вака - https://goo.gl/maps/ymaXU93hFna9Jeg39

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20590 на: 08 Октомври 2020, 12:19:25 pm »
Зависи во кој дел од денот планира да оди, вчера излегов низ Центар и ако не бев со моторче ќе требаше да патувам 2 саати од Веро до Партизанска. Од Веро до Мавровка беше цела улица блокирана. Од Веро накај Партизанска се беше блокирано. Од Градска накај ГТЦ беше релативно празно ама после пак се влегуваше во гужви кај Мавровка.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20591 на: 08 Октомври 2020, 12:21:16 pm »
Госпо нека ви е напомош вам што секој ден треба да го терате излезов...

Личи како да се брзи, штом влезот е среден и ова ќе биде брзо.

Арно ама, кога го тераш секој ден...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20592 на: 08 Октомври 2020, 12:22:14 pm »
Зависи во кој дел од денот планира да оди, вчера излегов низ Центар и ако не бев со моторче ќе требаше да патувам 2 саати од Веро до Партизанска.

Другар оди секој ден околу 15:30 - 16:00
За вчера рече дека било "за самоубити се" :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20593 на: 08 Октомври 2020, 12:34:54 pm »
Зависи во кој дел од денот планира да оди, вчера излегов низ Центар и ако не бев со моторче ќе требаше да патувам 2 саати од Веро до Партизанска. Од Веро до Мавровка беше цела улица блокирана. Од Веро накај Партизанска се беше блокирано. Од Градска накај ГТЦ беше релативно празно ама после пак се влегуваше во гужви кај Мавровка.

Јеп, и јас заглавив еднаш така екстремно на раскрсницата кај Веро Центар. Не дека имаше конкретна причина, него дека луѓе се идиоти и ја блокираат раскрсницата.

„Ама зелено ми е.“

Ама и глуп си.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20594 на: 08 Октомври 2020, 12:37:59 pm »
Вчера заради концертот пред влада беше гужва.