Пред некое време, на почетокот од обиколницата од Сарај по угорницата почнав да претекнувам колона возила (камиони).
Пред мене се убаци (регуларно) една поспора кола со 80км/ч, намалив брзина и се беше во ред кога позади мене се налепи еден со пикап и почна да ми блендира. Во секунда ми го дигна нервот.
Кога колата пред мене го заврши претекнувањето се врати на десна лента, таман нагазив на гас да го претекнам и него, тој позади мене повторно ми блендираше.
Ај си викам смири се, се престроив во десно, намалив на 100 и очекував дека тој со пикапот ќе стисне на гас. Тој на толку блендирање почна да ме претекнува со 102. Значи намалив брзина за да му овозможам да ме претекне што побрзо, а тој се влечка.
Тука ми пукна филмот, нагазив на гас и фактички го претекнав од десна страна.
Нека ме тужи
