Не се палете за џабе.
Тој начин на пресметка не е од кај нас измислен. Европски закон е тоа за пресметка на паркирање.
Се согласувам дека не треба тоа да биди универзална пресметка за секаде. Ама генерално тоа е направено според анализа уназад во годините.
До сега немало проблем со таква пресметка.
За во строг центар на пр. има поинаква пресметка. стан - кола.
Така да, ако сакаш имај 180м2 стан, ќе имаш 1 паркинг место.
Иначе не се најевтини за изгрдаба подземните паркинзи. Исто коштаат како и станбен квадрат можно е и поскапо. Многу повеќе кошта да се прави било што под земја за разлика од катови.
Не знам зошто не градат повеќе паркинг места. Ако не ги купат станарите сега, ќе ги купат во иднина, или можеби некој од соседните згради ќе си купи паркинг место.
Па не е баша „наивно“ планирањето на просторот за живеење.
Башка тука се мешаат и туѓи интереси и така. Забавно е.
Најголем проблем е што не се градат баш тие паркинзи што се пресметани. Или па ќе ги направат и ќе ги издаваат на некој магацин. Или нема да има пристап до нив итн... Еден куп дешавки.