Иначе денес сум се згрозил од еден крајно кретенски настан. Не сум сигурен дали престапникот е наш член, се надевам дека не е но сум прилично сигурен дека е тој. Имам видено само едно такво возило, специфичен модел со специфична боја, тјунинг и бандажи. Ако е тој и ако чита, денес тоа што се случи на раскрсницата кај завод за вработување, беше крајно дебилски, кретенски и опасен потег кој можеше да биде многу опасен. 10 минути подоцна на еден од блиските паркинзи наслушнав и како други луѓе дискутираат за случајот со забележителна револтираност. Јас мислам дека се спаси со тоа што го напушти местото на настанот со голема брзина зошто можеше да изеде тежок ќутек. На таа раскрсница има башка камери.
Така да шоферишта, без оглед дали се знаеме или не се знаеме..... не бидете кретени. Почитувајте ги правилата и сограѓаните. Еднаш се греши фатално, ама после ебење нема каење. Ниту една количина на павловичева нема да ја намали болката што може да следи.
Бидете живи и здрави.