Не ме изнервира колку што ме шокираше - reality check.
Имено, влегувам на паркинг кој се дели помеѓу неколку стамбени згради, администриран од ПОЦ. На средината на паркингот има издигнување од околу 15цм, на кое речиси сигурно закачува секое возило освен SUV.
Како јас влегувам, од спротивната страна пристигнува хечбек возен од возрасен човек (да речеме 65+). Застанува пред мене, покрај издигнувањето.
Му сигнализирам да отвори прозор, и низ прозор му велам: "Извинете, возилото ми е ниско, не можам да поминам без да го закачам."
Одговор од другата страна, пренесен во целост: "Што ме боли к*рот, јас овде живеам".
Јас прашалници, па велам: "Извинете, да не ве навредив некако? Само кажувам дека не можам да поминам, и не можеме да се разминеме."
Одговор: "Јас тука живеам, а по твојата регистрација гледам дека ти не си оттука. Ни знам од каде си, ни каде одиш."
Што да се прави? Кренав рамења, се вратив назад, човекот излезе. На разминување и се исцери на сопатничката, претпоставувам во стил "гледаш кој фраер сум"?
Толку.