Па би можеле да го анализираме типот ама никогаш нема да ги разберам таквите. Ќе повторам, возрасен човек, со сопатничка, наутро - не беше пијан...
...една од колешките ми вели "премногу си пристоен". Па нема да се тепам белки за предност на минување - ама секој ден да се продолжува фитилот треба.
Постарите се подрски, безобразни и безобзирни. Ама тоа е нормално, начинот на живот кога тие биле млади бил поинаков. Со секоја генерација се менуваме, кој помалку кој повеќе, зависно од домашното воспитување и способноста на поединецот да согледа што е правилно/културно/потребно а што идиотски па соодветно да реагира и постапува при секојдненото битисување во едно цивилизирано општество.
Покрај твојава случка добар пример е и моментот на пешачки, приметувам дека пешаци пропуштаат само помлади шофери. Постар човек нема живци/време/почитување да ти застанува на пешачки, обавезно е со цигара во рака/уста и со мобилен на уво. Понатака...не носат појаси пошто ги стегале, застануваат/паркираат/вртат/возат каде сакаат, се расправаат редовно со други учесници во сообраќајот како и со полицајци со неосновани причи у стилу: ''Како не ти е срам ти мене постар човек да ме казнуваш, јас немам пари од пензијата да платам казна'' - Па што вртиш на две пуни полукружно ондак? Дечко со мотор настрада заради ваков потег. И самиот тој беше виновен затоа што возеше многу брзо ама и старово шо од нигде никаде си сврте полукружно преку две полни линии...и се расправаше со сите како он не знаел дека не може таму да се врти.
И не е само во сообраќај, во банка/аптека/болница/автобус они осеќаат дека се entitled на све, што сакаат можат да прават.