Со задоцнување, да пријавам сопствена глупост (некого јас сум изнервирал).
Веднаш по раскрсницата во Автокоманда, продолжувам по најдесната лента позади автобус. Автобусот нормално си запира на постојката, и јас без размислување (и без добра консултација на ретровизори) тргнувам да го заобиколам.
Секоја среќа што возачот на камионот (чинам беше на Стокомак) изреагира прописно, подзакочи и убаво ме протресе со свирката да не ми текне уште еднаш. Ме спаси од оштетување, и себе си од малтретирање.
Памет. Еден е, за каде попрво.