Паркинг просторот околу Мида и уличките....па добро бе мајку му, кој морон го осмислил тоа ??
Синока свирев за отварање на некој салон таму и нервно попуштив разминувајки се буквално милиметарски со коли и џипишта од спротивна насока од една страна и паркирани коли од друга. Нетрпеливи возачи кои свират на 15 секунди застој (од обата правци) беа бонус со се оние кои немаат сенс кога треба да поминат а кога да пропуштат некого од спротивен правец, па ајде морав јас да излегувам (3-4 пати) да регулирам сообраќај пошто се понашаат ко стадо...само напред.
Дополнителна гужва од скапи коли имаше и заради самиот евент, испопаркирани кој како стигнал, али да знаев што ке ме снајде, ќе одев со Југото...
Ги жалам луѓето кои живеат таму.