......
Тоа што го пишувам воопшто не звучи убаво, уште помалку е праведно или правилно што е така. Но таа е реалноста. Не заборавај дека мнозинството на луѓето се такви какви што ти излегуваат со ножеви, на сила, со врски, со конекции и протекции. Тоа што се случува секојдневно не падна од небо, мнозинството се такви и направиле избор да функционира така како што функционира. Единствен начин кој јас го практикувам кога сум таму е да олабавиш и се повлечеш малку назад. Тој што се бутка, што се натиска, што се пика, нека оди нека крши глава. Мојот живот е краток и ми е ценет да се натискам за кој имал/немал предност на семафор, на раскрсница, на автопат, на магистрален пат.
А за пријателката и нејзиниот сопруг, според неа и него немало провокации за напад. Тие што го нападнале најверојатно размислувале различно. Штом официјални лица те напаѓаат парично, приватно и насилнички, што е останало за некоја битанга што нема три грама мозок и има грб од некоја друга поголема битанга на позиција поставен од мнозинството битанги.