Абе Луки, ја планирам да живеам тука кај што живеам, не да се селам...не си ми јасен зашто пишуваш како да живеам во Норвешка , а не во Ченто.Имаше инцидент пред десетина години каде мајка ми имаше лесна повреда на раката, повикавме полиција и мајка ми доби парична казна од 1500 ден...кога ја доставија казната џандариве, два саата се расправав со нив они само креваа раменици...
Дај не ме јеби.
Стратро, не те јебам, или пробувам да ти докажам нешто. Само ти кажувам, штом тргнал со нож, а ти со боксови, тој е кој што употребува несразмерна сила во расправија. Ако човекот имал веќе престој во Идризово (без разлика поради каква причина), него ќе го пикнат пак, а ти ќе добиеш некаква парична казна. На крај, гарант некој го има посоветувано (или размислил дека пак ќе го враќаат назад) и одлучил да ја смири работата. Реално, и за двајцата најдобро се завршило, без ќотек, без повреди, без полиции. Лим/Железо е. Ќе се поправи.
Меѓутоа, за инциденти, повреди, гужви, хајки, прогон, ќотек, стрес, нервоза, борба со власт, судови нит си прв нит си последен. Имаше и сеуште има луѓе кои се систематски следени и прогонувани од претходната и од сегашната власт преку продолжената рака на силеџии, тепачи, провокатори, клеветачи, и други слични стаорци. Единствено што можеш е културно да си држиш до своето и во сообраќајот и во секојдневниот живот. Најчесто имањето сопствен став и мислење чини скапо кај нас (и за пари, нерви и време) и ситни ситуации како твојата горе е најдобро да се обидува човек да ги избегнува и да ги пушта напред.