Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2912719 пати)

Отсутен makedonac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18150 на: 05 Септември 2018, 01:16:59 am »
Пешаци на кој си им застанал.. ти мавтаат со рака на тебе у стилот не не помини си ти......

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18151 на: 05 Септември 2018, 08:59:04 am »
Јас на пешачките премини без сигнализација што се обавезно им давам лајкче со прстот на шоферите и верувам дека со тоа ги поттикнувам почесто да застануваат понатаму.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18152 на: 05 Септември 2018, 09:26:29 am »
Уште да почнеш палецот наместо средниот прст да го користиш за лајкче ќе биде таман  ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18153 на: 05 Септември 2018, 09:30:00 am »
Да видам да не верувам, членот дихтунг да прави дела... Шо знам...

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18154 на: 05 Септември 2018, 10:01:04 am »
Обавезно застанувам на пешачки. И кога ми мавтаат да поминам упорно ги чекам (пошо ако стои полиција подоле нема да им значи мавтањето). И обично добивам фала фала, така треба, курци палци, место брзо да поминат да не ги чекам пола саат. Феномен изгледа е пуштање на пешачки.

Иначе вчера ситуација кај саем, копиљ еден поминува на пешачки забуљан у телефон ни право не гледа недај боже лево десно. Бетер таксист му дава школо на копиљов и му поминува преку прсти. Да не знаеш што да мислиш у ситуацијава.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18155 на: 05 Септември 2018, 10:06:29 am »
Еднаш со камионот бев  и само со влекач ај викам за кај едел пром ќе пресечам преку железара. Тука нагорното кај што завршува има пешачки и еден дедо гледам стои веќе изгубил надеж дека ќе помине и запира го пуштам. Тргна неколку чекори застана се сврте се прекрсти и продолжи...

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18156 на: 05 Септември 2018, 10:12:15 am »
Јас климам со глава или давам знак кога ќе ме пушти некој. И со кола еден клик на 4 жмигавци. Да знае дека ценам што ме испочитувал. Здравје утре пак да пушти некого како што рече членот Ахтунг погоре.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18157 на: 05 Септември 2018, 12:00:12 pm »
Само љубов луѓенца.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18158 на: 05 Септември 2018, 12:47:48 pm »
Сте се распекмезиле нешто...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18159 на: 06 Септември 2018, 19:00:00 pm »
Епа другари, дојде ден и јас да бидам нападнат со нож(енце).

На Гранит мостот после работа сите уредно чекаме за лево и момак со Фокус упорно се пика скроз лево каде нема место за цела кола, за да помине преку ред.
Ми дојде на 1 цм од крилото на Астрата и му отворив прозор за да го прашам кај се пика.
Почна да урла и пцуе типов и излезе од кола, излегов и јас и почна нешто да се дере, али немаше физички контакт..пцуе он, пцујам и јас и на тоа се сведе.
Се вративме назад во колите и гледам ПАК покушава да ми пресече пат.
Не му дозволив, отидов напред и го гледам ме брка у упорно се пика. ;D
Викам чекај да видам што уште сака типов пред да ме учука , се исклучив од улица и пробав да излезам од кола..го гледам иде со нож..и као за колшула ке ме фати.
Му ја фатив рака со ножот и во тој момент се собраа 4-5 души го фатија и го одвоија од мене.
Се во ред ќе беше ако на влечење назад не удрил со бокс на колава...а јас не го ни приметив тоа кога, пошто жена ми ме влечеше да влезам назад во кола..нели.

Резултат:



Не разделија, му реков само - Се гледаме во полиција вечер.

Стигам дома и го гледам после 15 минути типов со колата вози и бара..

Излегов надвор , му викам "каде бе со тоа ножот"...Вика "Незнам брат, може ти пиштол имаш...Пола саат те барам , прашав кој си,од каде си...мислев не си од тука...дојдов да ти се извинам, еве ти број, што треба јави се и кажи...ајде ќе пиеме кафе и да средиме". Пруживме рука, разменивме телефони  и така.

Иначе дознав и кој е...проблематичен тип кој штотуку излегол од затвор...али нешто многу не ми мења бидејќи имам двајца другари кои прописно си лежеле во Идризово за различни работи и се ок момци генерално.

Откако сами ќе извлечете поука, дајте ИНФО за тоа дали дупкава може да се среди само со влечење, без китирање и фарбање.
Мојот локален фарбар вика НЕ, ќе видам што ќе кажат во Аутомкд, а и @godofspeed  ми даде контакт од момак кој би требало да ја заврши работата.

Дупли лим е, на ќуш е...заебано е.
Пријатна вечер.
Мојата секако е усрана.





« Последно менување: 06 Септември 2018, 19:06:11 pm Stratro »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18160 на: 06 Септември 2018, 19:09:48 pm »
Што да ти кажам, секакви будали има, знаеш и сам.

Ова мислам дека нема да може да се среди без фарбање, баш заради тоа што е на ќош. Лесно е да ти кажам не се нервирај, и знам дека нема да упали, ама не се нервирај, средливо е.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18161 на: 06 Септември 2018, 19:12:51 pm »
По мое скромно мислење не може со вакум од причина што е на ќош и од причина што тука е прилично јак лимот, на 5-та врата како што и самиот кажа... Моожеби нешто ќе се извлече и нема толку да паѓа во очи ама комплетно да се среди не може. Ништо страшно, ќе одиш во Босони да ти направи боиче, нема да биде згрешена тоа биди сигурен.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18162 на: 06 Септември 2018, 19:20:20 pm »
Само лош ден Стратро, со помин нека е, а колата ќе се среди лесно...

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18163 на: 06 Септември 2018, 19:21:31 pm »
Господи боже.. Со нож..

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #18164 на: 06 Септември 2018, 20:10:23 pm »
Врз основа на мое претходно искуство јас мислам дека тој Дарко ке ти заврши работа.Кај мене беше слична ситуација и тоа пробето ми е фабрано.Дечкото со среди апсолутно ништо не се познава.Незнам колку е јак лимот на опелот таму ама како и да е не губиш ништо, можеш само да добиеш.Јас мислам дека ке го среди а се друго отанува да отидеш да видиш.