Епа другари, дојде ден и јас да бидам нападнат со нож(енце).
На Гранит мостот после работа сите уредно чекаме за лево и момак со Фокус упорно се пика скроз лево каде нема место за цела кола, за да помине преку ред.
Ми дојде на 1 цм од крилото на Астрата и му отворив прозор за да го прашам кај се пика.
Почна да урла и пцуе типов и излезе од кола, излегов и јас и почна нешто да се дере, али немаше физички контакт..пцуе он, пцујам и јас и на тоа се сведе.
Се вративме назад во колите и гледам ПАК покушава да ми пресече пат.
Не му дозволив, отидов напред и го гледам ме брка у упорно се пика.

Викам чекај да видам што уште сака типов пред да ме учука , се исклучив од улица и пробав да излезам од кола..го гледам иде со нож..и као за колшула ке ме фати.
Му ја фатив рака со ножот и во тој момент се собраа 4-5 души го фатија и го одвоија од мене.
Се во ред ќе беше ако на влечење назад не удрил со бокс на колава...а јас не го ни приметив тоа кога, пошто жена ми ме влечеше да влезам назад во кола..нели.
Резултат:

Не разделија, му реков само - Се гледаме во полиција вечер.
Стигам дома и го гледам после 15 минути типов со колата вози и бара..
Излегов надвор , му викам "каде бе со тоа ножот"...Вика "Незнам брат, може ти пиштол имаш...Пола саат те барам , прашав кој си,од каде си...мислев не си од тука...дојдов да ти се извинам, еве ти број, што треба јави се и кажи...ајде ќе пиеме кафе и да средиме". Пруживме рука, разменивме телефони и така.
Иначе дознав и кој е...проблематичен тип кој штотуку излегол од затвор...али нешто многу не ми мења бидејќи имам двајца другари кои прописно си лежеле во Идризово за различни работи и се ок момци генерално.
Откако сами ќе извлечете поука, дајте ИНФО за тоа дали дупкава може да се среди само со влечење, без китирање и фарбање.
Мојот локален фарбар вика НЕ, ќе видам што ќе кажат во Аутомкд, а и
@godofspeed ми даде контакт од момак кој би требало да ја заврши работата.
Дупли лим е, на ќуш е...заебано е.
Пријатна вечер.
Мојата секако е усрана.