Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2902951 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Молец битно живи и здрави сте. Бапни 2-гира за мене. :D
Инаку до сите сопрузи. Едуцирајте ги вашите жени да не отвараат врата на "сец". 90% од ваквите глупости се направени од жени.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Освен кола има и други превозни средства за стигнување до сакана дестинација. Не дека не е убава Грција ама еден е животот за да скапам таму секое лето
Камо среќа да можев да "скапувам" цела година....


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Нема логика да се пропушти убавината на Грција заради непромислените потези на нискоинтелегентни и необразовани поединци. Јас сум секоја година во Грција неколку пати, затоа што е блиску, евтино и убаво. Природата е одлична, зеленило, чисти убави песочни камени какви сакаш плажи, чиста вода и лековита, чист воздух, убава клима...храната врв и најчесто газдите се многу фини и разбрани луѓе.

Ова ми е прв инцидент, препоставувам дека локалново население кое не делува многу образовано и информирано е мотивирано од актуелните политички ку*ташачења и ложења па сите се напалени да бидат дел од инертната маса. Исто така дур поминував на плошадот низ Ставрос со отворени прозори слушнав некој како се дере МАЦЕДОНИА ИЗ ГРИС ама не му дадов значење, нека си викне чоекот. А штетава се деси на паркингот кај Ammos Beach Bar одма под Olympiada, до големата плажа има едно мало збутано диво плажиче, мирно чисто, нема МИЛААААААНЕЕЕЕЕЕ ИЗАЏИ ИЗ ВОДЕЕЕЕ, нема ТУПСИ ГЛУПСИ, си доаѓаат млади се шлапкаат со голи цициња, мераци.

Многу ми е жал што најомилената кола што сум ја имал до сега падна залудно жртва ама не значи дека нема да одам пак, греота е да се пропушта убавина како Грција заради ваква глупост и не сакам да ги ставам во ист кош сите луѓе...има глупи и паметни јбг. Среќна околност е што не ги видов како ја кршат.

Денес ја сменија во www.nianias.gr за 190е со монтажа за 40мин, супер одработија дечките....идентична е со претходната освен што претходната имаше лого од BMW оваа нема, а серискиот број и брендот се исти Pilkington, комплет со сензори за светло/дожд/влага, зелена лента горе. Смешно е што истата кошта 600 и кусур евра во BMW плус работна рака околу 730 искача....а истата без BMW знакче во ЕДЕЛПРОМ кај нас кошта 260 евра со монтажа...хммм.

Фала @AUUU за препораката, немаше лагер. @AngelSK нема гајле, само мене Plomari повеќе ми лежи :) @Chlink со боја е напишано светото ретардирано писмо?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Гледам се буните, тоа што го покажав удреното на врата со врата е од денес и е направено во Скопје во Аеродром на паркинг од комшија. Чисто го потврдував предходно напишанотот дека кај нас во нашата ни сопствена држава статистички се случуваат многу повеќе штети на коли од многу по банални работи и разлики меѓу луѓето отколку во Грција, каде и те како има причина за рчка. Мене во Грција никој ми нема пипнато кола. А на доста места сум бил.

Ако има тука луѓе што живеат во зграда и паркираат кола на паркинзи кои се делат со останатите комшии од околните згради ќе ме сватат сигурно.
Сакам да кажам дека балкан сме, било каде во околниве земји да има толку многу на број во толку мал временски интервал, македонци, би се случило истото па и бетер. А верувам и дека се случува ама не е толку интересно за муабет.

 Ние како нација која очајно и константно бараме разлики, поделби, заради ривалство, почнувајќи од вера, општина,спортски клуб, населба, школо, зграда, стан/куќа, соба. За да има рчка. Чудно ни е како во Грција на Иљадници коли ќе се деси беља на 5 коли во сезона. Па во Охрид повеќе скопски коли се оштетувале (иако мене не ми се случило).

Башка немој да мислите дека тоа што тераа на граница да го покривате мк делот од таблицата го прават зошто им смета на институции како царина, гранична полиција и сл. они го решаваат тоа со ливчето дополнително што го пополнувавме затоа што Грција како земја не го признава името Македонија.

Таблиците ги покриваа за да не ни се случуваат штети од малоумници кој ги има секаде на жалост. На граница во Грција како што сум поминувал нигде не сум поминал (едино во Бугарија со евриќи у пасош). Нити па сум наишол на однос од сообраќајна полицја како во Грција, само опомена и бриши.

Ги осеќаат нашите пари и те како, не сакаат да ги губат. Поготово луѓето бизнис што си тераат.
Како споредуваш вака? Па нормално дека тука ќе имаш штета пошто од 365 дена 355 си дома. Молец отишол пет дена во грција и пет години го има бмв то и баш од тие 1500 денови што ја има колата тогаш му акаат камен. Другите кумуњари не ги коментирам што по секоја цена гледаат како да си го оцрнат своето.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Абе ај? Дека на Молец. Ај тогаш мене земи ме за пример.
Абе секој ден по минимум 20 коли штети им се дешаваат. У грција на сезона по 5 коли беља и ете , филмови.
А ако немаше проблем со името? Без назнаки бељи напраени? Ќе го праевме муабетов?
Деца кај нас од чиста мира со шајки шкрабаат. Една баба исто нели ја фатија, пред некоја година?
На Молец некоја организација да не се дрзнала камен да му фрли? Некои деца у уста мајка им да ја гаѓам.
Не викам дека ок е. Ама не е тоа до толкава мера ко што сака некој да го прикаже.

Ме боли кур на крај краева, кој сака кај сака нека оди и како сака нека мисли. Али трип народ сме...
« Последно менување: 21 Јули 2018, 01:41:40 am Chlink »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Кога ги воведоа новите таблици, меѓу другото, сметајки на патриотизам, мислеа дека сите ќе рипнат да ги сменат.
По толку години гледам, врие патриоти.

За потреби на статистика, пред повеќе години, кога се водеше кампања против патување(летување) за Грција, имаше самоупропастување коли финансиски покриени од штабот.

Не дека и таму нема вжештени глави. Секаде има. Работата е да не налеташ на таков.


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Пред некој месец во СК додека седев во кола со службен пикап ме удри постар човек со вратата, излегувам и ме прави будала дека не ме удрил па сега ти види, со сопствени очи го гледаш како удира и тоа излезен од кола и отвара совозачка а ти тврди дека не те удрил, тоа е немање осет.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Освен кола има и други превозни средства за стигнување до сакана дестинација. Не дека не е убава Грција ама еден е животот за да скапам таму секое лето
Ќе скапеш ако одиш со бус. Грција не е место за да одиш со автобус и баш "да скапеш" на едно место. Напротив, колата е рајот у Грчка.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Мислев на тоа дека освен грчка има и други места на светот за одмор, за викенд да најблиску е :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Извињавам се ондак, погрешно сум те сватил. Инаку да, секако дека има, ама @Molec убаво пиша поназад зошто и како. Крај краева кој фактор сум јас за твојот одмор или ти за мојот да се убедуваме или објаснуваме, секој со своето си тера :) (ова генерално за сите)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Мразам возачи што се "лепат" за браник и не држат прописно растојание од возилото пред нив.  >:(

Синоќа еден на релација Марвинци-Смоквица со хонда цивик riced на дозволено 80 ми се лепи, зголемувам брзина до 90 пак исто, на 100 пак се лепи, сите четири укл. нема реакција, укл. задни магленки исто, кочење и десен жмигавец ме помина и си викам крши глава.  :-X

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Требало 120 да кренеш немало да ти се лепи многу ќе му троши така :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Морал да ти се лепи бар штопови да ти гледа, иначе од чадот што ни го пуштаат пасативе ќе си ибат пиперот некаде, ни пат се гледа ни бутур :D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Затоа не сум приметил некој да се лепи зад мене, од чадот не сум можел да видам... јас мислев многу брз сум, дека од тркачките ми е Пасатот.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Ти си посебен, комшиите твои мислат дека печиш ракија кога излеваш со дорчо :)
Мене ми велат, абе многу рано почна со ајваро годинава, јуни месец ајвар се прај ли?  То пустото да му кажиш дека од дизело чури, ќе останат со кришките ненамачкани в рака. Среќа од лани ми има останато некоја тегла, па се вадиме од ситуациите :)
 Иначе ме изнервира едно дрво, за пуста сенка го испогребав кровот...

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Сабајле изнервираме една Фуфла со Ск табли,се направивме редица коли,од валандово спрема дојран,возеше сеат ибиза од 2000 година,абе на блага кривина шо слободно со 90/100 можеш да возеш она коче на 50,дојде право газе до даска,пред кривината на 100м коче и повторно 50 и сецка на коченицата,зад неа југо на Кв табли,зад југото имаше уше 1 кола,голф 4 па јас и редица зад мене,сиротото југо сака да ја претекне на право ама таа газе и не го пушта 😂 и така 3-4 пати овај со југото гледа оти небива и на следната кривина ја помина а можеше да загине,епа мајкаму вози полека и на право барем да можат на право да те поминат,од кај ја имат купено возачката мајкему.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk